Петмина осомничени за скимирање на платежни картички

Пет државјани на Македонија од Битола и Прилеп се осoмничени за изработка и употреба на лажна платежна картичка и злосторничко здружување. Обвиненијата против петмината се: перење пари и други приноси од казниво дело; изработка и употреба на лажна платежна картичка; злосторничко здружување.

„Осомничените скимирале платежни картички на банкомати, односно вградувале апарати за читање на податоци што подоцна ги користеле за изработување на лажните платежни картички што биле употребувани во Република Македонија и во странство.“, јавува Јавното обвинителство на Република Македонија.

Осомничените во 13 наврати поставиле скимери на банкомати во градовите:

  • Куманово,
  • Битола,
  • Охрид,
  • Штип,
  • Скопје,
  • Прилеп и
  • Тетово.

Осомничените ги читале податоците од картичките, а потоа изработувале лажни картички. Групата копирала податоци од 209 платежни картички, а  извршиле 201 нелегална трансакција, или 1, 3 милиони денари со картичките плаќале во Македонија, Канада, Јамајка, Чиле и Индонезија, пренесува Алфа.

Основното јавно обвинителство за четворица побара мерка притвор, а за еден осомничен мерка за претпазливост домашен притвор.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии