ИТ Настан: Musala Soft го најави овогодишното издание на Meet the Masters конференцијата

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Мусала Софт ја најавува конференцијата Meet the Masters by MUFFIN, конференција за технологии, иновации и меки вештини. Настанот ќе се одржи на 17.11.2018 во City Hall Center.

Keynote спикер на конференцијата е Peter Kriens кој ќе ја претстави тематаBuilding modular IoT with bundles. Most importantly, it works!“. Peter Kriens има долгогодишно програмерско искуство за големи компании како Ericsson, Intel, Adobe и многу други.

Освен тоа, на настанот ќе ја проследите фамозната битка на двата програмски јазици Java и .NET, на која искусни ИТ специјалисти од Мусала Софт ќе се спротистават во вербален двобој. Дополнително, на конференцијата ќе има предавања и панели за дискусија за следниве теми: Project Delivery, Declarative programming, Quality Assurance.

Meet the Masters by MUFFIN е годишна конференција, организирана од софтверската компанија Мусала Софт. Настанот, секоја година има за цел да обедини стотици софтверски инженери, ИТ професионалци и најдобри предавачи од сферата на технологии, иновации, трендови, процеси и меки вештини (soft skills).

Влезот на настанот е бесплатен, со задолжително регистрирање на веб страната.

Meet the Masters by MUFFIN нуди можност за сите посетители да се стекнат со знаење, нови вештини од ИТ областа и да поминат ден исполнет со дружба, игри и многу награди.


Напомена: IT.mk е медиумски партнер на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии