Петар Ниновски: „Brainster полни 3 години – што научив јас развивајќи компанија во Македонија?“

Brainster

во ИТ.МК

Пред 3 години го основав Brainster – училиштето на иднината кое ќе работи со поединци и компании за да им овозможи персонален и професионален раст.

Мисијата на Brainster е: Да помогне на 1 милион луѓе да дојдат до кариера која од секогаш ја посакувале.

Можеби звучи лудо, но и пред 3 години звучеше лудо тоа што кажував дека ќе го направам со Brainster, па се случи.

Клучните работи кои ја одбележаа оваа година:

  1. Тимот на Brainster порасна од 5 на 14 вработени и нови отворени работни позиции во моментов.
  2. Имаме нови канцеларии во Дебар Маало.
  3. Нашите студенти изработија нови продукти со кои се гордееме.
  4. Ја лансиравме Академијата за Дизајн и првата група е во тек.
  5. Ја поминавме бројката од 6000 луѓе кои биле дел од нашите програми.
  6. Креиравме уште успешни приказни.
  7. На 60+ нови компании им помогнавме да ги обучат вработените.
  8. Започнавме со POPUP курсевите кои станаа популарни кај компаниите и поединците.

По 3 години од основањето, тимот на Brainster се состои од 14 луѓе (13 дипломирани на академиите на Brainster), 50+ инструктори, 50+ партнерски компании, 160+ компании кои ги развиваат вештините на вработените преку нашите курсеви, одржани првите курсеви надвор од Македонија, и 6000+ учесници кои ја трансформираа својата кариера. Имавме успешна година и уште поголеми планови за во иднина.

Еве неколку лекции кои ги научив во 2018.

Дефиниција за успех.

Погоре спомнав “Имавме успешна година” па би тргнал од таму. Која е дефиницијата за успех? Ако продолжиме да го мериме успехот само од финансиска гледна точка тоа е краткорочен и неодржлив план.

Треба да се земат предвид сите shareholders, КЛИЕНТИ, партнери, соработници, вработени. Како работењето директно и индиректно влијае на целата заедница? На тој начин креирај пат за долгорочен успех.

 Создавај лидери внатре во тимот.

Изгради лидер кој ти би го следел. Инвестирај огромен дел од твоето време за да им направиш пат на членовите од тимот, и да можат да те надраснат. Погрижи се на секој од нив да му е овозможено да расте, да се надградува, да го работи она што го сака, да придонесува за компанијата и луѓето внатре.

Со сигурност во тимот имаш луѓе без кои не можеш да функционираш. Погрижи се да го дознаат тоа. Погрижи се сите членови од тимот да знаат колку придонесуваат. Слушај ги.

Прави ги работите што ги правиш добро, а за другите работи вработи луѓе што се МНОГУ подобри од тебе.

Престани да работиш работи во кои си лош иако светот и образованието те учат да работиш на слабостите. Сметам дека тоа е многу погрешно. Ако се фокусираш на работите во кои си добар ќе имаш подобар ROI. За останатите вработи луѓе кои се многу подобри и попаметни од тебе во работата за која се вработени.

Треба да ја фокусираме целата енергија на она што го сакаме и да ги работиме тие работи најдобро што можеме. Тоа ќе донесе многу повеќе резултати отколку да посветување внимание на повеќе работи кои ќе бидат сработени половично.

Доволно е да бидеме добри во 1-2 работи за да направиме позитивно влијание на светот и заедницата.

Тоа што јас го правам – еднаш месечно поминувам низ to-do листата за претходниот месец. Гледам кои од работите што сум ги завршил носат вредност за компанијата, кои работи можам да ги делегирам, а кои работи не носат никаква вредност за компанијата и можам да престанам да ги правам.

УЧИ

Разликата во вештините кои ги знаеш и оние кои се потребни на пазарот на труд постојано се зголемува. Технологијата се развива побрзо од човекот. Вештините кои се учат на факултет во најголем дел се вештини кои веќе одамна не се потребни а дипломата од факултет станува се поирелевантна за компаниите. Но, тоа не е оправдување за тебе.

Се прашуваш како да останеш релевантен?

Земи го образованието во свои раце, научи да програмираш, научи UX дизајн, дигитален маркетинг, научи за бихевиорална психологија, играј си со податоци, биди љубопитен/а.

Ако имаш твоја компанија или водиш тим, погрижи се вработените постојано да учат.

Земете онлајн курсеви, посетувајте офлајн курсеви, конференции или академии, читајте книги, информирајте се за новостите во технологијата и постојано учете нови работи.

Никој не може да живее без рутина:

Одреди време кога ќе стануваш, кога ќе почнеш да работиш, време за твојот тим, време за вежбање, време за пријателите и време за себе. Направи рутина и придржувај се до неа. Храни се здраво. Медитирај.

Ова е еден мој ден:

5.30 / Будење.

5.30 – 6:00 / Подготвување на доручек и кафе.

6:00 – 9:00 / Време за себе и слободни активности. Неколку месеци го практикувам ова. Денот ми започнува многу споро и со слободни активности. Без состаноци, без работа. Ова време е само за мене. Слушам музика, пијам кафе, читам книга, вежбам кардио, медитирам, поминувам време со кучињата, си го планирам денот.

9:00 – 18:00 / Работа.

18:00 – 19:30 / Вежбање.

19:30 – 22:00 / Време за пријателите и блиските.

22:00 – 00:00 / Работа.

00:00 – 05:30 / Спиење.

Имањето на рутина не влијае позитивно само на продуктивноста туку и на стресот.

Запрашај се, зошто го правиш ова?

Зошто го работам ова, зошто сум дел од Brainster, зошто заслужувам колегите да работат со мене, зошто некогаш работам и по 15 саати во 1 ден..? Градење на бизнис не е спринт, туку серија на спринтови и маратони. За да победиш на крај мора да имаш одговор на прашањето “Зошто го правам ова?”

Мојот одговор е: Сакам да работам за себе, сакам да создавам работи, сакам да учам и да подучувам, сакам да креирам и продавам производи кои ќе ги направат среќни моите клиенти, сакам кога ги гледам првите клиенти како се уште ни се клиенти, сакам кога гледам како на учесници на нашите програми им помагаме да дојдат до нова кариера, сакам да гледам како моите колеги растат, како во тимот се создаваат следните лидери, сакам да правам прогрес, да победувам, да ги направам работите да бидат подобри за моите клиенти, моите колеги, соработници…

Tоа е играта која вреди да се победи. Не се фокусирај да работиш против другите или да правиш нешто за да бидеш подобар од некој. Престани да се натпреваруваш во игри во кои ти не си во можност да ги поставиш правилата. Скокни ја таа игра.

Работам затоа што сакам, не затоа што треба.

Say no to more dumb shit.

Во превод: приоритетизирај. Вклучи се во помалку работи но со повисок интензитет.  Како лидер вклучи се само во активности кои носат голема вредност за компанијата. Помогни му на тимот да се фокусира на приоритетите. Секој член на тимот треба да биде одговорен за некој дел од работата. Дадете им ownership на членовите на тимот над процесите во компанијата.

Дефинирање на KPIs ќе ти помогне да го фокусираш тимот и бизнисот кон приоритетните работи. Одреди 5-10 KPIs, и одговорен за секој KPI. Одржувај неделни KPI состаноци каде ќе ги презентирате резултатите и ќе преземате акции за подобрување.

Еxecute, execute, execute

Фокусирај се на реализација. Најголемиот проблем што го увидов во последната година кај компаниите а особено е изразено кај новооснованите компании или стартапите е тоа што се слаби во реализацијата. Сите имаат добри идеи, сите имаат многу идеи… И лоши идеи. Сите имаат листа на работи кои треба да ги реализираат. Сите имаат идеи што ќе направат во 2019 година. Но не и план за реализација. Недостасува стуктуриран пристап кон реализација. Тука може да помогне една едноставна табела каде ќе ги запишете идеите, потребни ресурси за реализирање на идеите, временска рамка, одговорен, проценка на вредноста што ќе ја добие компанијата. Дајте им структура на иновациите за да станат реалност.

Успешна компанија не се гради преку ноќ, ама затоа треба на тоа да се работи секој ден.

Благодарам на сите што бевте дел од Brainster до сега. Ви благодарам што правите нашата работа да изгледа како колективна аватура. Ви благодарам што ни помагате да ја оствариме нашата мисија да ги создадеме новите генерации на дигитални номади, претприемачи и иноватори.

Секојдневното иновирање е она што ни го овозможува овој раст. Имаш идеи за како да се вклучиш? Стани дел од Brainster заедницата преку https://brainster.co

До следниот milestone!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии