Пет вида дигитален отпад во вашата направа

Сакале или не, шансите дека вашиот компјутер/уред има крајно непотребни работи се исклучително големи. Обично, ваквиот дигитален отпад непотребно зазема простор, црпи драгоцени ресурси или го пика носот каде не му е работа. Токму поради тоа, можеби и не е лошо да се запознаете со петте вида на ваквите несакани гости.

PUP

PUP, или potentially unwanted program се потенцијално несакани програми. Овој софтвер автоматски се инсталирал без ваша дозвола, како при инсталирање некој програм. Многу инсталациони пакети кријат повеќе од еден програм и, доколку не внимавате, лесно може да се случи да инсталирате дополнителен софтвер. Таквото нешто може да биде и некаков plug-in, дополнителна лента за прелистувач, па дури и киднапери на прелистувачи (browser hijackers).

Bloatware

Bloatware е дел од поширокото семејство на PUP и е софтвер кој доаѓа претходно инсталиран на новите компјутери. Ако имате Windows, тогаш позната ви е оваа агресивна стратегија на Microsoft и болното форсирање Skype, или OneDrive.

Temporary Files

Temporary Files се фајлови кои се создаваат привремено, како би можеле да помогнат на одредени програми да функционираат подобро. Word, на пример, создава копија од документот на кој моментно работите. Но, кога не работите, ваквите фајлови, иако привремени, непотребно го полнат вашиот Хард диск. Привремените фајлови обично патролираат во Windows\ Temp\.

Temporary Internet files

Temporary Internet files се копии од мултимедијални податоци, како слики, аудио, видео, и слични податоци кои се поврзани со сајтовите кои ги посетувате. Вашиот прелистувач прави вакви копии за да може значително побрзо да ги вчитува сајтовите во иднина. Од време на време, се препорачува да им удрите корпа и да го исчистите прелистувачот. Chrome ви дозволува да го направите таквото нешто со притискање на комбинацијата од копчињата ctrl+shift+delete и избирање што сакате да отстраните. Но, и CCleaner е исклучително корисна алатка за ова и многу други проблематики.

Cookies

Cookies се мали фајлови кои се создаваат од вашиот прелистувач кога ќе посетите некој сајт. Повеќето од нив се корисни и ви помагаат да складирате податоци за најава; затоа и се викаат колачиња. Но, некои од нив следат што посетувате и ве бомбардираат со реклами скроени според вашите интереси. Стандардните прелистувачи ви дозволуваат да ги отстраните колачињата на брз и едноставен начин. Edge, на пример, има опција и да блокирате колачиња.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии