Пет стартап лекции од Нина Ангеловскa и Grouper, научeни на Startup Grind Skopje

Нина Ангеловска е еден од пионерите на македонската стартап сцена. Можеби нејзиниот Grouper.mk не изгледа како типичен стартап, посебно сега откако го прославија петтиот роденден, но компанијата покажа дека во Македонија може да се адаптира идеја, да се победи конкуренцијата и да се стартува успешен бизнис со 100.000 корисници.

Но, кои се лекциите кои Нина може да ги пренесе на стартапите и сите претприемачи кои се чудат дали може да се реплицира успехот на Grouper? Нина беше гостин на Startup Grind Skopje, локален настан за промоција на претприемништвото во Македонија, на кој ја раскажа својата приказна од стартувањето на Groupеr со пари добиени од студентски натпревар до идните планови и желби да ја види цела Македонија да купува купони преку мобилен телефон. Во моментов 30 отсто купуваат купони за попуст преку телефон, но тоа не е доволно за Grouper. Токму тоа е првата лекција:

  • Мора да бидете упорни. Уште од првиот ден Grouper се труди да ги научи македонски корисници да ја користат технологијата во своја корист. Ако во првата година им објаснуваа на луѓето дека плаќањето преку интернет со картички е безбедно, сега во петата година најголемиот проблем е што луѓето сакаат да платат електронски, но повеќето не знаат како. Со упорното едуцирање на своите корисници, Grouper сега има 30% од корисници кои купуваат преку телефон, и само 5 отсто кои купуваат со хартиени уплатници, остантите 95 отсто купуваат со картички. Но, како што е важна едукацијата на корисниците, така е важна и едукацијата на тимот на Grouper. Нина вели дека никој не се родил како претприемач, но се станува претприемач со упорност секој ден да се учи нешто ново. Пример, Нина морала да полага тест за туристичка агенција за да може Grouper да продава туристички зделки.

11165118_871758006215542_508596820513098152_o

  • Најди луѓе што сакаат да работат за твојата компанија. Како што вели Нина, „немавме критериум за образование или искуство бидејќи продажбата е креативна работа. Но, кога вработувавме луѓе, не ни беше важна нивната желба да работат, туку нивната желба да работат за Grouper“. Grouper сега има тим од 15 луѓе кои и се посветени на компанијата, во која се одржуваат постојано внатрешни тренинзи и натпревари кои ги мотивираат вработените.
  • Треба да бидете први. На почетокот на 2011-та година одеднаш се појавија шест сервиси за групно купување. Меѓу нив секако беше и Grouper и Kolektiva, кој веќе постоеше на неколку други балкански пазари. „Работевме на Grouper четири месеци и кога дознавме дека ќе стартува и Kolektiva, настојчував да стартуваме пред нив. Не знам зошто, но сакав да бидеме првиот сервис за групни сервиси во Македонија. Така и стартувавме како први, со голем настан на плоштад. Први договаравме зделки, одбиравме компании кои не добиле понуди од другите. Први фотографиравме производи. Сакавме да додадеме дополнителна вредност на зделките. Сакавме да ја победиме конкуренцијата со квалитет на услугата, и со професионалност, не со цена. И денес не знаат како првиот сервис за групни попусти во Македонија“, вели таа.
  • Бидете снаодливи. Користете ги вашите контакти. Стартувањето на Grouper.mk беше голем настан на плоштадот Македонија, со бенд, со огромен балон, со флаери и што ти уште не. Но, иако сето тоа изгледаше скапо, Grouper го организира настанот скоро без потрошен денар бидејќи Нина и нејзините ко-основачи ги искористија своите контакти. Некој беше комшија, на некој му ветија промоција, некој само сакаше да помогне за кул проект. Лекцијата тука е дека треба да ги прашате луѓето за помош, некој ќе ви помогне да го стартувате вашиот стартап.
  • Не ги бркајте парите. Можеби е ова чудно да се чуе од стартап кој апсолутно комерцијален, со модел се врти токму околу парите. Колку попуст може да се даде, на колку луѓе и колку е процентот на заработка? Сепак Нина вели дека заработката која ја има Grouper.mk ја гледаат само како награда на добро сработената работа. За нив е важно да бидат професионални, и да ја понудат најдобрата услуга. Парите сами ќе дојдат.