Пет совети за заштита на безжични мрежи

IT.mk редакција

во Совети

{mosimage}Со се поголемата застапеност на оваа технологија, бројот на задоволни луѓе од Wi-Fi драстично се зголемува. Се поголем е бројот на корисници на мобилни и безжични телефони, како и голем број на лаптоп компјутери со вградени безжични адаптери кои овозможуваат приклучок на интернет каде што има достапна мрежа.

Wi-fi мрежите кои се доста корисни, претставуваат лесна мета за хакерите дури и кога сигурносните опции се активирани. Сепак, со превземање и менување на неколку работи значајно ќе ги намалите шансите Вашиот систем да биде успешно нападнат од страна на хакерите.

1. Бидете информирани како функционира Вашата мрежа
На кратко, за разлика од жичните мрежи, безжичната мрежа користи радио сигнали за да пренесува податоци. Сигналите се пренесувани на разни далечини, зависно од компонентите вклучени во мрежната инфраструктура. Овие сигнали би можеле да бидат превземени од секого кој ги користи вистинските алатки.

2. Сменете го Вашиот SSID и фабрички зададената лозинка

Идентификацискиот број – SSID, е дигиталното име на Вашата мрежа. За да ја заштитите Вашата безжична мрежа, првин треба да го смените SSID името во нешто што не би ве открило дека Вие сте сопственикот на мрежата. Доколку ја имате можноста преку хардверот кој го користите исклучете ја опцијата за пренесување на SSID. Фабрички зададената лозинка претставува огромен проблем за сигурноста на корисниците затоа што е позната на поголемиот број хакери кои листите со фабрички зададени лозинки можат лесно да ги пронајдат на интернет. Сменете ја лозинката преку софтверот во Вашиот безжичен хардвер.

3. Конфигурирајте го MAC филтерот

Менувањето на SSID Опциите без додавање на MAC филтер е исто како менување на бравите во Вашата куќа и оставање на клучот во бравата. MAC (Media Access Control) е филтер кој овозможува контрола на пристапот кон безжичната мрежа. За да овозможите пристап на компјутер до мрежата, потребно е да ја додадете нивната MAC адреса во опциите на софтверот достапен преку хардверот кој го користите. Адресата е составена од 12 броеви и служи да го ограничува пристапот до мрежата.

4. Енкрипција
Постојат неколку вида на енкрипциски протоколи, како на пример WEP (Wired Equivalent Privacy) и WPA (Wi-Fi Protected Access). Енкрипциските протоколи работат на тој начин што ги енкриптираат податоците пред да бидат испратени. Доколку имате пристап до енкрипциски протокол, неговото активирање и правилно конфигурирање е од витално значење за Вашата безжична мрежа.

5. Инвестирање во дополнителен софтвер
Дури со сите сигурносни конфигурации овозможени од основниот хардвер и софтвер, сеуште е голема шансата да Вашиот компјутер и безжична мрежа бидат искористени од некој хакер. Со додавање на дополнителен софтвер за заштита на безжични мрежи ќе имате можност подобро да го надгледувате и контролирате протокот на информации и сообраќај.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии