Пет совети за правилно седење пред компјутер

Седењето пред компјутер, особено во подолги временски интервали, знае значително да го наруши вашето здравје. Здравствените проблеми се движат од болки во зглобовите и вратот, преку чести главоболки, па сè до сериозни проблеми со половината и ‘рбетниот столб.

Обично се препорачува вашето тело да биде во правилна положба и да се придржува до правилото „три 90 степени“.

1. Потпирачите за раце на вашето столче треба да се на таква висина за да вашите раце се поставени во агол од 90 степени. На тој начин, рацете и рамената се во опуштена и природна положба.

2. Мониторот треба да е на далечина и висина која нема да го криви вашиот врат. Треба да се погрижите ‘рбетниот столб да е во релативно права линија и да нема чести накривувања.

3. Вашите нозе ниту да „висат“ во воздух, ниту пак да се во хоризонтална положба, потпрени на некое помало столче. Се препорачува убаво да седнете во канцелариската столица, во агол од 90 степени, а нозете да го допираат подот, исто така во агол од 90 степени.

4. Паралелно со ова, сум прочитал и дека треба да се погрижите зад половината или вратот да има правилна поддршка. Ако столицата не е анатомска, се препорачува да вметнете перниче или замотан пешкир.

5. За крај, се препорачува да правите чести паузи. Можеби треба да сте пред компјутер осум часа, но тоа не значи дека не треба да земате кратки паузи на секои 20 до 30 минути. За време на кратките паузи, доволно е само да се протегнете или да прошетате низ работниот простор/ соба. Дефинитивно ви препорачуваме да земате микро-паузи со Workrave и да го заштитете вашето тело од претерана работа на компјутер.

Авторот на овој текст е далеку од нешто што и би можело да биде приближно до лекар, но има забележано дека, доколку се земат во предвид овие правила, работата пред компјутер знае да биде исклучително потолерантна. Нормално, доколку забележите дека некој од нашите совети само ја влошува состојбата, прекинете веднаш и консултирајте се со лекар. Кој совет вие би го споделиле? Дали, можеби, сметате дека е подобро да се работи на прилагодливите маси за стоење?

2 коментари на “Пет совети за правилно седење пред компјутер

  1. *исто така “новиов” дизајн на секција за коментари ви е катастрофа од аспект на engagement of users. треба да застанам точно под текстот, па да кликнам коментари, па да видам уствари дека никој нема коментирано. кога читам артикл многу често дури одам и на крај од текст само за да ги видам мислењата на другите, а вие се поретко и поретко имате коментари на сајтов баш поради дизајнот (според моето скромно мислење)

  2. Бидејќи горе-долу истите совети ги имам видено многу пати, мислам дека се океј. Од она што јас имам читано, од критична важност се микро-паузите. И да седиш 100% коректно цело време, ако седиш без прекин пак си правиш секакви проблеми, и за грб и за внатрешни органи, и за очи. Затоа се препорачуваат 5 минутни паузи на секои 20-30 минути, така значително се намалуваат негативните ефекти од пролонгирано седење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии