Пет работи кои треба да ги знаете за PC верзијата за Red Dead Redemption 2

Red Dead Redemption 2 е официјално најавена за PC! Ова се петте работи кои апсолутно мора да ги знаете доколку планирате да се впуштите во комплексниот вестерн свет на Rockstar!

1. За PC, Red Dead Redemption 2 излегува на 5 ноември. Предвремена нарачка е овозможена преку продавницата на Rockstar Games за нивниот клиент. Oд 23 октомври, играта ќе може да се купи и од Epic Games Store, Green Man Gaming, Humble Store, GameStop, но не и од Steam. Играта ќе се продава на Steam дури во декември. Причината е затоа што Steam зема 35% од сите трансакции, а Rockstar никако не сакаат да дадат толкав дел од колачот на трето лице.

2. Оние што предвреме ќе ја нарачаат играта преку Rockstar Games Launcher, ќе можат да изберат и две класични Rockstar игри, како Max Payne 3 и L.A. Noire, бесплатна надградба на специјалната, односно ултимативната едиција (попуст од 20 долари) и многу повеќе.

3. Во поглед на гејмплејот, PC верзијата ќе се испорача со значително проширен свет. Движејќи се низ приказната, ќе наидете на 3 нови мисии за ловци на уцени, 2 нови места за криење на бандата, 2 мапи за нови богатства, нова мисија, нови оружја, нови коњи, како и 5 нови ефекти за подобрување на одредени способности.

4. PC верзијата ќе се одликува со подобра видливост на далечната околина, подобро осветлување и амбиентална оклузија, подобрени траги на снег, подобрени рефлексии и повисока резолуција на сенките, надградени текстури на дрвјата, тревата и крзното, поддршка за HDR, отклучени резолуции за 4К и повисоко, поддршка за повеќе монитори и отклучен фрејм рејт.

5. За да ја играте играта со слаба графика, потребно ви е барем i5-2500K процесор, 8GB RAM, GeForce GTX 770 2 GB и неверојатни 150GB простор на хард диск. За максимално графичко уживање, потребен ви е i7-4770K процесор, 12Gb RAM, и GTX 1060 6 GB.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии