Пет причини зошто Paper ќе ја замени стандардната Facebook апликација

Paper е нешто сосема ново од Facebook. Направен како дигитален магазин, Paper, кој со мал трик може да се инсталира и на македонските iPhone-и, e позабавен начин на читање на постовите од пријателите на мобилен телефон. Наместо да скролате бескрајно на стариот и добар Facebook, мрежата наполни десет години, со Paper вие едноставно се лизгата низ содржината, презентирана пред вас во убави блокови, со големи слики, без копчиња кои го гушат дизајнот. Чиста, едноставна и интуитивна, Facebook Paper не е оригинална апликација, таа е само неопходна, и еве пет причини зошто.

Дизајнот на Facebook е досаден

Стандардната апликација на Facebook е досадна бидејќи е иста како и десктоп искуството на мрежата. Facebook го нема променето дизајнот со години, и тое е во ред бидејќи дизајнот функционира на десктоп компјутерите. Но, 945 милиони од 1,2 милијарди корисници ја отвараат мрежата преку мобилен телефон, и не ми текнува ниту една причина зошто да го имаат истото досадно искуство и на помалите екрани, посебно на тие со допир.

Прегледноста е важна за малите екрани

За да ги прочитате новите постови на стандардната апликација ќе треба да скролате бескрајно надолу во дизајн пренатрупан со копчиња за пораки, статуси и чекирања. И кога ќе стигнете до тоа што ве интересира, тој пост ќе биде само дел од екранот. Во Paper постовите се прикажуваат во целост. Текстуалната порака и фотографиите се истакнати на цел екран, а копчињата се скриени за да се истакне тоа што е важно – содржината. Ако сакате да ги читате коментарите, тогаш и тие ќе се појават на целиот екран. Дали имате 4-инчен или 5-инчен iPhone, едноставно не е важно бидејќи нема да ја пропуштите содржината.

Paper има забавен интуитивен интерфејс

Екраните со допир се иновативна технологија која не треба да ја учите за да ја користите, туку едноставно низ екраните се движите природно, како да сте ги користиле претходно. Paper го користи допирот максимално за да биде што е можно поедноставен. Ќе ви треба 30 секунди да откриете се што ви нуди апликацијата благодарение на интуитивниот интерфејс. Лизни со прстот лево за нови постови, повлечи нагоре да го отвориш постот, повлечи уште еднаш за да го отвориш оригиналниот линк. Едноставно, прецизно и дефинитивно позабавно.

Затоа што со Paper може да си одберам содржина

Поголемиот дел од вас сигурно не знаат дека на Facebook можат да се прават листи за организирање на содржината. Не знаете бидејќи таа опција е нешто најглупаво што може да го сретнете на мрежата. За среќа, со Paper тој процес се прави во два потези – со лизгање надолу за да се отворат опциите и со одбирање на интереси преку Edit Section. Покрај News Feed-от може да си додадете нови секции, како технологија или спорт, и веднаш ќе ви биде прикажана одберена содржина, организирана на исти едноставен начин како што ви се прикажани сите други постови.

Paper учи од другите

Facebook го направи Paper, но не го измисли дигиталниот магазин. Веќе неколку години наназад постојат апликации како Flipboard, беше една од омилените iOS aпликации на Стив Џобс, кои се далеку поиновативни и посветени да најдат креативни начини на читање и споделување вести на мобилните уреди. Facebook едноставно направи добра копија. Но, бидејќи постојат други кои ги работат овие апликации далеку подобро од Facebook, токму затоа може да очекуваме и Paper полека да присвои нови решенија и опции кои ќе го подобрат корисничкото искуство. Flipboard можеби е подобра апликација, но вие подолго време поминувате на Facebook, и тоа е многу поважно.

[youtube]IhrbT9O6kW8[/youtube]

2 коментари на “Пет причини зошто Paper ќе ја замени стандардната Facebook апликација

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии