Летните жештини ја гасат желбата за повеќето надворешни активности. Поради тоа, вклучете ја климата, сместете се удобно и поминете ги најкритичните часови со некоја од најочекуваните игри од јуни. Додека играте некоја од нив, пријатно помислувајте на бројните подеднакво добри наслови кои се подготвуваат за дигитално пласирање во јули.

Apex Legends Season 2 [PC, PS4, XBO] – 2 јули

Не е нова игра, но фановите ја исчекуваат втората сезона со огромно нетрпение. Првата сезона некако не успеа да го издигне неочекуваниот хит за уште некое скалило погоре, но затоа втората планира агресивна кампања која ќе започне со ресетирање на прогресот од борбената пропусница и ќе понуди целосно нови, поквалитетни награди за отклучување, особено доколку се решите да купите нова премиум борбена пропусница. Новиот лик, Wattson, ќе може да биде отклучен и од бесплатните и од премиум корисниците. Се работи за лик кој делува на бојното поле преку пружање поддршка, односно со контролирање и штитење области со електрични пилони кои, од една страна ги оштетуваат непријателите, а, од друга, ги засилуваат вашите сојузници. Со втората сезона ветени се и нови додатоци за оружја, нови промени на бојните полиња, ново енергетско оружје, и, како што напоменавме, нови, позначајни награди и за двата типа играчи.

Final Fantasy 14 Online: Shadowbringers DLC [PC, PS4] – 2 јули

Проширувањето ветува дека летово ќе им дозволи на играчите да се втурнат во значително помрачна приказна, целосно нова зона за истражување, неколку нови класи, нова раса, како и долгоочекуваниот Blue Mage. Паралелно со ова, ќе имате на располагање можност за преигрување на главните мисии на значително повисока тежина. Trust системот, пак, значително ќе им ги олесни маките на оние кои се повеќе по соло искуство и ќе им дозволи да регрутираат NPC ликови. Згора на ова, ќе добиете девет нови зандани, како и рејд.

Attack on Titan 2: Final Battle [PC, PS4, XBO, Switch] – 5 јули

За сите фанови на овој аниме серијал, Final Battle значително ќе ја прошири Attack on Titan 2. Проширувањето ќе се одликува со ликови и сценарија од третата сезона, а целосно нови, оригинални епизоди ќе бидат вметнати во кампањата, односно одделот Story Mode. Final Battle има и два нови режими на игра. Едниот мод им дозволува на играчите да формираат тим од воини и да ги повратат териториите кои биле изгубени на титаните. Другиот мод е замислен да понуди откачено и филмско искуство во форма на воздушни битки од ODM убијци. На располагање ќе имате и нови оружја кои се пресудни во соочувањето со значително попредизвикувачките непријатели. За потребите на проширувањето одново се активирани актерите од двојката, а има и прилив од дополнителни актери.

Beyond: Two Souls [PC] – 22 јули

Играта која со години е ексклузивен PS3 наслов не успеа премногу да ги воодушеви критичарите. Највеќе се напаѓаа навидум непостоечките гејмплеј механики и нелогичната приказна која страда од криза на идентитет и едноставно не знае во кој правец да се развива. Авторот на овој текст, меѓутоа, го памети времето кога, поради немање PS3, го гледаше целосното преигрување на играта на PewDiePie со апсолутно уживање и фасцинација, особено кога се работеше за феноменалните актерски способности на Елен Пејџ и Вилјм Дафо. Да, Beyond: Two Souls има одредени мани и неправилности, но како интерактивна драма е исклучително забавна, особено доколку сте фан на другите наслови на Quantic Dream и невообичаениот ум на Дејвид Кејџ (Fahrenheit, Heavy Rain, Detroit: Become Human).

Wolfenstein: Youngblood [PC, PS4, XBO, Switch] – 26 јули

Следејќи ги настаните од Wolfenstein II: The New Colossus, Youngblood  ќе ви дозволи да играте со ќерките близначки на Бласкович. Со Џес и Соф ќе отворите пекол на земја само за да го пронајдете нивниот татко. По прв пат во историјата на овој серијал, низ кампањата ќе можете да поминете со уште еден пријател, кој ќе навлезе во чевлите на сестрата со која вие не играте. Кампањата, која ќе биде значително подолга од The New Colossus, ќе можете да ја одиграте и сами, но, од она што до сега го видовме, уживањето зазема значително повпечатлива димензија доколку е споделено со уште некој друг. Низ играта, ќе отклучувате нови способности и нова опрема кои се тесно врзани со вашите воени костими и системот за надградба.

Останати игри кои ќе излезат во јули:

Red Faction: Guerrilla Re-Mars-tered Edition [Switch] – 2 јули
Just Cause 4: Los Demonios DLC [PC, PS4, XBO] – 3 јули

Stranger Things 3: The Game [PC, PS4, XBO, Switch] – 4 јули
Wonder Blade [PC] – 4 јули
Sea of Solitude [PC, PS4, XBO] – 5 јули
They Are Billions [XBO] – 5 јули
Bear With Me: The Lost Robots [PC, PS4, XBO, Switch] – 9 јули
Bear With Me: The Complete Collection [PC, PS4, XBO, Switch] – 9 јули

Senran Kagura Peach Ball [Switch] – 9 јули
They Are Billions [PS4] – 9 јули
Blazing Chrome [PC, PS4, XBO, Switch] – 11 јули
Professor Lupo and his Horrible Pets [PC, Switch] – 11 јули
Dragon Quest Builders 2 [PS4, Switch] – 12 јули
God Eater 3 [Switch] – 12 јули
The Sims 4: Island Living expansion [PS4, XBO] – 16 јули
Marvel Ultimate Alliance 3: The Black Order [Switch] – 19 јули
Kill La Kill – If [PC] – 25 јули

Songbird Symphony [PC, PS4, Switch] – 25 јули
Fire Emblem: Three Houses [Switch] – 26 јули
Kill La Kill – If [PS4, Switch] – 26 јули
Mutant Year Zero: Seed of Evil [PC, PS4, XBO, Switch] – 30 јули
Ace Combat 7: Skies Unknown: ADFX-01 Morgan DLC – 31 јули

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии