Пет игри за бесплатен гејминг викенд

Викендот е одличен период за опуштање со бројни релаксирачки активности. Доколку гејмингот е еден таков вентил, а давање пари – не, тогаш, поминете го викендот со некоја од следниве пет игри кои се привремено бесплатни!

Tacoma

Во наредните два дена, Tacoma е бесплатна на Humble Bundle. Tacoma е научно-фантастична авантура сместена во технолошко-напреден вселенски брод, во 2088 година. Гејмплејот во Tacoma е од исклучително едноставна природа и се состои од одење и истражување на дигиталните простори, интеракција од прост карактер и органско впивање на приказната која се одвива околу вас. Бидејќи нема ниту битки ниту загатки, на оваа игра инстантно ѝ се прилепува етикетата Walking Simulator – релативно нов жанр кој е силно поткован од игрите како Dear Esther или Gone Home.

Oxenfree

Oxenfree e инди игра која беше номинирана од The Game Awards 2016 за игра со најдобра приказна, a за да се уверите во таквото нешто, имате на располагање многу повеќе од еден викенд! До 4 април, Oxenfree е бесплатна и, доколку ја врзете за вашиот EGS акаунт, ќе можете да си ја играте засекогаш. Oxenfree е натприроден трилер за група пријатели кои ќе отворат расцеп од кои ќе произлезат духови. Играјќи како Алекс, ќе бидете принудени да донесете исклучително тешки одлуки, поттиснати не само од новите гости, туку и од проблематичното минато. Oxenfree е феноменална и крајно уникатна авантура. Дефинитивно проверете ја!

XCOM 2

XCOM 2 не само што е бесплатна викендов, туку и се продава со 75% попуст, докулку сакате да навлезете во сесии кои се подолги од два дена. XCOM 2 се одвива дваесет години по настаните од XCOM: Enemy Unknown, со пет класи на војници, нови гејмплеј системи за подобра борбена флексибилност и предизвикувачки непријатели. Она што се остава на вас и вашите XCOM сили е да најдете начин да се обединете, да ја разоткриете немилата вистина зад окупацијата на планетата Земја и да ги елиминирате вонземните закани еднаш засекогаш! XCOM 2 ја прогласивме за една од најдобрите стратегии за 2016 година. Дознајте ги сите останати тука!

World of Warcraft

Кралот на ММО игрите бесплатно ги отвора портите овој викенд и нуди целосен пристап за сите претходни жители на овој универзум. До 24 март, сите неактивни акаунти ќе бидат реактивирани и надградени, до Legion. Тоа значи дека за тие два клучни дена, ќе можете да ја проверите основната игра, како и сите експанзии, освен последната – Battle for Azeroth. Доколку сакате да дознаете какви новитети се кријат во BfA, ќе имате на располагање пробен период, но само од три часа. Овој пробен период, меѓутоа, може да се искуси од 12 ваши ликови. Во случај да ви се допадне искусеното, Battle for Azeroth се продава со 40% попуст.

Guardians of Ember

Guardians of Ember е интересна hack-and-slash MMO игра која нудеше интересна алтернатива на Diablo III и Path of Exile. За жал, бидејќи извршиот директор беше откриен како ги принудува вработените да ја купат играта на Steam и да оставаат позитивни рецензии, Valve реши да го принуди студиото да ја повлечат играта од Steam, што е огромна штета затоа што паметиме бројни интересни часови поминати во играта. Во пресрет на викендот, меѓутоа, Guardians of Ember повторно излегува, во отворена бета и што подалеку од Steam. Преку Gameforge, авантурите во Guardians of Ember се одликува со бројни надополнувања во мисиите, нови гејмплеј механики, и уникатни можности за избор помеѓу четири раси, шест класи и над 60 зандани низ 58 региони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии