Пет години Global Game Jam Македонија: 150 учесници и 24 игри

Пред пет години, група ентузијасти организирани како МАГДА излегоа со за тогаш налудничав и амбициозен план. Креирање, односно приклучување на глобален настан, во Македонија на кој 48-часа ќе се креираат видеоигри.

По два дена поминати во дизајнирање, прoдуцирање, програмирање и којзнае уште што, јавноста можеше да ги види првите 30 игри… Како наградени на првиот Game Jam во Битола беше Love Notebook, а во Скопје Odium.

Пет години подоцна…

МАГДА го организира петтиот по ред Global Game Jam Македонија. Овојпат учесниците започнаа самите да се распрашуваат уште во ноември. За прв пат настaнот во Скопје доби и ко-организатор (Shadowgrid). А по 48 часа:

„На овогодинешниот Global Game Jam Macedonia, учествуваа 150 учесници. Беа склопени 26 тимови и направени 24 игри.

Во Скопје продефилираа приближно 300 посетители за време на траењето на маратонот со дополнителни гости за време на презентациите. Таа бројка во Битола се движи приближно 200. За прв пат имавме пријавен тим од дијаспората (Љубљана) кои беа во Битола. Дадовме 9 интервјуа за интернет и пишани медиуми, имавме две интервјуа на радио и пет гостувања во емисии и вести.

Беа изедени 700 сендвичи, 200 буреци и 50 пици. Безброј чоколада (не ги броевме). Беа испиени приближно 700 литри сок, а 500 литри вода. Беше потрошено 1.4 терабајти интернет сообраќај. Се искористи 1711.2 метри тоалетна картија.

Имавме два Ocolus Rift штандови за феноменално искуство. Тестирање на првата ААА игра од Македонија, Sonder од студиото KAMAi, направија 25 бета тестери. Се играа борд гејмови, карти (Бељот) и Мафија. На настанот работеа 30 луѓе вклучувајки ги и волонтерите. Имаше и борби со снежни топки при што немаше повредени.“, вели Гораст Цветковски, претставник на МАГДА.

Сите игри направени во Битола и Скопје може да ги погледате на веб-страниците посветени на локациите: за Скопје и за Битола.

Награди за најдобри игри добија, oд Скопје:

  • Wave master од тимот Crosbow Bats;
  • Wave boiz од тимот Dark1;
  • Waves on the way од тимот Team T19.

Од Битола:

  • Soundstomper од тимот ThunderByte Games;
  • Codename: Farewell од тимот Return Zero;
  • Goldenwave од тимот SuperCreeperGirl.

Играта Hullarog од Clarion доби специјална награда од Shadowgrid. За жал оваа награда се доделуваше единствено за учесниците во Скопје.

Се гледааме на Global Game Jam Македонија 2018!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии