Пет долари претплата за Medium, но засега не добивате ништо

Дејан Соколоски

во Веб

Блог платформата Medium започна со претплата од 5 долари. Претплатата можеби во иднина и ќе им донесе нешто на корисниците, но засега тоа единствено е поддршка на авторите на платформата.

„Ве каниме да бидете дел од платформата како претплатник и да ни помогнете да ја задржиме платформата која испорачува различна содржина без реклами. Платформата ја обезбедува вистинската содржина, содржина што може да се креира кога независни издавачи се наградуваат поради вистинската вредност, а не од бројот кликови. Medium останува отворен за сите кои сакаат да ги споделат своите идеи со светот. Сега како читател може да го надградите искуството и да искусите нов слој на Medium“, вели Ив Вилјамс на Medium.

Парите од оние кои ќе се претплатат ќе им бидат исплатени на авторите на блоговите. Првите месеци сите претплати ќе одат до авторите, а платформата нема да задржува никакви средства. Според најавата во иднина можно е да се појават и ексклузивни содржини, што ќе им бидат достапни единствено на оние кои што ќе се претплатат.

Потегот на Medium секако е за поздравување. Ќе и овозможи на платформата да има важни текстови кои можеби и не добиваат огромен број на кликови. Но, одбраните текстови ќе бидат многу поважни за читателите. Ова некако е во согласност со она што Medium го прави и досега. Платформата нема реклами, можеби токму поради тоа што рекламите би ги натерале авторите и блогерите да пишуваат и споделуваат сензационалистички наслови и текстови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии