Пет алатки за ставање крај на иритирачки онлајн опструкции

Сурфањето на интернетот потребно е да биде релаксирачко искуство. Одредени работи, како барање CAPTCHA внес, колачиња, бројни известувања, или наметнувачки прозорци, од петни жили се трудат да го загрозат таквото искуство. Но, ние нема да им дозволиме таквата блага иритација да се претвори во фрустрација. Поради тоа, ова се алатките кои би требало да ги активирате пред да започнете со каква било интернет сесија.

Наметливи реклами и прозорци за чет – Колку пати сте се нашле во ситуација да сурфате низ некоја онлајн продавница и да се појави прозорец кој ве поканува на онлајн чет? Со еден клик се отстранува, но зошто да губите време и со тоа кога едноставно можете да си инсталирате Hello Goodbye и да ги блокирате сите такви обиди. Згора на тоа, ефикасно блокирате и бројни нотификации од самиот сајт како и иритирачки реклами. Алатката е достапна за Chrome, Firefox, и Safari.

CAPCHA – крајно иритирачките обиди да заклучат дали сте човек или робот знаат да доведат одредени корисници до работ на скубење коса. Колку пати моравте да одбирате квадратчиња само со куќи, само со автомобили, само со пешачки премини и ред други само работи? Колку пати не сте сигурни за тоа што е прикажано на сликата и сте принудени одново да започнете одбирање? Buster е екстензија која автоматски ја трансформира сликовитата CAPCHA во аудио и ја пополнува за вас. Екстензијата е достапна за Chrome, Firefox, и Opera.

Известувања за колачиња – Посетувате веб сајт само за да видите дека половина од страната е замаскирана со џиновско известување за колачиња. Законот вели дека посетителите мора да бидат известени, но никако не нѝ се допаѓа големината со која решаваат повеќето сајтови да ја пренесат таквата намера, особено кога ќе ги посетиме од телефон. Поради тоа, ставете крај на известувањата така што ќе ја инсталирате алатката I don’t care about cookies. Екстензијата е достапна за Chrome, Firefox, Opera, Pale Moon, па дури и новиот Edge.

Само наметнувачки прозорци – Прозорци кои од еднаш се појавуваат и ве молат да оставите и-мејл, да се претплатите, да искористите попуст, знаат значително да го нарушат севкупното искуство. Ваквите прозорци се обично огромни, а опцијата за исклучување е едвај видлива. Behind the Overlay е едноставна, но крајно корисна ектензија која ќе ги спречи сите обиди за вакви прозорци. Алатката е достапна за Chrome, односно Firefox.

Самопокренувачки видеа – Повеќето ќе се сложат дека ако нешто исклучително иритира, тоа е посетување веб сајт на кој автоматски започнува одредено видео. Низ годините, интензитетот од ваквата пракса е поднамален, но и понатаму се провлекуваат сајтови со тенденции за автоматско започнување видеа кои ништо не ви значат. AutoplayStopper е феноменална екстензија за Chrome. Со неа, автоматски се блокираат Flash и HTML5 видеа, а корисниците гледаат само слика на нивното место. Chrome, патем, ви дозволува автоматски да го стишате звукот на видеата кои сами започнуваат (опцијата се кре во Site settings, па Sound). Firefox, од друга страна, може да блокира без дополнителна алатка. Преку Options, па Privacy and Security, упатете се кон Permissions и изберете го Settings копчето веднаш до Autoplay. Кликнете на Default for all websites и изберете Block Audio and Video. Кликнете на Save за да се прифатат промените.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии