The Confide е апликација која ја користи персоналот на Белата куќа кога сака безбедно да го оговара претседателот Трамп. Апликацијата не е нова, постои три години, но сега е популарна во Вашингтон, јавува Business Insider.

Моделот со кој апликацијата ја обезбедува тајноста на овие разговори е едноставен и потсетува на Snapchat. Прво пораките се end-to-end криптирани и може да ги прочитаат само корисниците за кои се наменети. Откако пораката е прочитана или откако ќе помине одреден период, веднаш се брише. Ова не важи само за текст пораките, туку може да се користи и за слики и за документи. Креаторите на апликацијaта тврдат дека не чуваат копии на пораките на своите сервери, штом поракaта е прочитана веднаш се брише од серверот, но и од уредите.

Confide пораките ги дели на зборови, па ова овозможува секој збор да се отвора и да се брише независно. Ова обезбедува поголема приватност, бидејќи љубопитен минувач нема да може да ја прочита целата порака, туку само дел од неа. Апликацијата е бесплатна, но корисниците можат да платат за дополнителни услуги, пример можност за повлекување на испратена порака.

Најголеми корисници на апликацијата се персоналот на Белата куќа, новинарите во Вашингтон, но и републиканците, членови на сенатот. Републиканците се загрижени дека аферата која ја погоди Хилари Клинтон со споделување на е-пошта, може да им се повтори и нив, вели Axios. Персоналот и новинарите пак, ја користат апликациајта за споделување на податоци.

Апликациајта е достапна на Google Play, iTunes, но и за Windows.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии