Periscope и Meerkat стартуваат нов тренд на стримање видео во живо

Напредокот на паметните телефони ја враќа назад идејата за стрим во живо кој на коирсниците на друштвените мрежи ќе им овозможи поврзување и следење на настани во живо преку видео стрим. Технологијата не е нова, ниту е уникатна на Meerkat, апликацијата за стримање видео до пријателите што направи бум за кратко време. Но, сега сме во ера кога мобилниот интернет е поевтин и побрз, што овозможува пренесување на видео од секаде со помош само на паметен телефон. Сега секој може да биде свој ТВ канал.

„Одненадеж светот е полн со џебови со паетни телефони со добри камери и екрани, интернет и добри друштвени мрежи кои овозможуваат да им кажете на сите дека започнувате со пренос“, вели Крис Сака инвеститор во Twitter за New York Times.

Пред неоколку недели се појави Meerkat апликација која овозможува да стримате видео во живо, сервис налик на Snapchat бидејќи споделената видео содржина по завршувањето на стримот прекинува да постои. Апликацијата е една од најбрзо растечките апликации во САД. Апликацијата брзо ја прифатија јавните личности кои секако помогнаа во популаризација на сервисот, но и преностите во живо од конференцијата за музика и технологија South by Southwest кои помогнаа апликацијата да стане препознатлива кај кориниците и да го зголемува бројот на корисници за 30 отсто секој ден.

Притиснат од Meerkat со кој дојде до несогласување и блокирање, Twitter една година по аквизицијата на Periscope го претстави својот сервис за споделување на видео стрим. За сега апликацијата е достапна само за iOS, а станува збор за апликација со речиси идентична функционачност како и Meerkat со тоа што сепак станува збор за нешто поквалитетен производ. Ова не изненадува бидејќи за разлика од Meerkat кој е направен за осум недели, Periscope е во изработка една година. Сервисот овозможува помала латенција, подобар стрим и можност за зачувување на видеото (иако стримерот може да избере видеото да не биде зачувано).

„Светот е далеку поподготвен денес за ова отколку што беше пред една година. Имаме предност пто влегуваме на пазарот кога кориснициет веруваат во идејата за преноси во живо“, вели Кајвон Бејкпур од ко-основач на Periscope.

Двете апликации се достапни за iOS, но најавуваат и Android, иако неофицијална верзија за Meerkat е веќе достапна во Google Play.

1 коментар на “Periscope и Meerkat стартуваат нов тренд на стримање видео во живо

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии