Periscope има 200 милиони стримови во живо за само една година

Periscope, социјалната мрежа на Twitter за стримање видео во живо, надмина неверојатни 200 милиони стримови, а секојдневно се гледаат милион часови видео содржина. Periscope ги објави овие податоци во пост по повод првиот роденден. Овие податоци се однесуваат единствено на предностите во живо на iOS и на Android апликациите, па станува збор за навистина импресивни бројки.

Иако конкурентот Meerkat неодамна се повлече од стримовите во живо објаснувајќи дека светот сè уште не е подготвен за видео во живо преку мобилен, сепак бројките на Periscope покажуваат дека постои шанса овој тренд да продолжи. Бројот на часови видео кои се гледаат дневно е зголемен речиси трипати од август 2015 година, кога компанијата објави дека секој ден се гледаат 40 години стримови. Сега секојдневно се гледаат 110 години видео.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии