Periscope, сервисот на Twitter за стримање видео во живо, сега е достапен и на Android

Periscope на Twitter сега е достапен и за Android. Апликацијата која стартуваше во март како конкурент на Meerkat, овозможува стримање на видео во живо, како еден нов начин на комуникација. Ако пример не ви беа доволни 140 карактери, тогаш видеото сигурно ќе заврши работа да пренесете порака до пријателите, пример како е на некоја журка, на одмор, да се вклучите во граѓанското новинарство или едноставно да им се обратите на своите следбеници.

Periscop веќе собра еден милион корисници преку iOS верзијата, вклучувајќи популарни ѕвезди, и сигурно оваа бројка ќе се зголеми со Android кој е подостапен на корисниците. Но, проблем е што Periscop е достапна само за корисниците на Android 4.4 KitKat. Сите опции се вклучени како приватен или јавен видео чет, коментари и испраќање емотикоми. Но, има и нова интересна функција како Resume Notification со која може да се продолжи гледањето на видеото.

2 коментари на “Periscope, сервисот на Twitter за стримање видео во живо, сега е достапен и на Android

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии