Периферните гејминг уреди можат да ја зголемат продуктивноста

Гејминг тастатура и глувче се клучни за играње видеоигри, но дали знаете дека продуктивноста на речиси сите кои редовно користат компјутер за работа, може значително да се подобри со гејминг периферни уреди? Една од погодностите кој доаѓаат при користењето на гејминг периферни уреди при работа е токму можноста за персонализација на секое од копчињата кои се достапни на глувчето или тастатурата. Дел од алатките како TextExpander или AutoHotkeys стануваат значително покорисни со користење на уреди кои имаат повеќе копчиња, констатира Lifehacker.

Еве дел од предностите кои можат да си ги дозволат корисниците на гејминг уреди:

  • Дополнителни копчиња за персонализација – речиси секој софтвер му овозможува на корисникот да ги промени „shortcuts“ или да креира нови, за жал добар дел од стандардните комбинации кои можеби ќе ги внесте веќе се користат од софтверот.
  • Куп копчиња на копмпјутерското глувче – Logitech g600 или Razer Naga доаѓаат со дополнителни 12 копчиња, иако се наменети пред се за MMO, можноста да ги внесете сопствени макроа, па дури и делови од текстови за добар дел од корисниците се откровение.
  • Едноставност – Софтверот за креирање на макро или за доделување на команди на копчињата е супер едноставен, дури поедноставен од остнатиот софтвер со слична намена.

Повеќе за користење на гејминг тастатура и глувче и нивно програмирање може да прочитате на Lifehacker.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии