Педофили разменуваат фотографии преку Facebook, тврди BBC

Педофили преку скриени Facebook групи разменуваат слики со детска порнографија. Тајноста им е овозможена преку опции за приватност на групите кои оневозможуваат некој однадвор да ги види сликите и останатата содржина. „Истрагата на BBC откри повеќе скриени групи креирани од луѓе со сексуален интерес за деца, вклучувајќи и некои администрирани од осудени педофили…“, вели BBC.

Имињата на групите кои ги пронајде британскиот јавен сервис, наговестуваат каква содржина се споделува во нив. Постојат групи кои се споделуваат специфични содржини, пример „девојчиња во униформи“. Покрај слики кои се весници, во групите се споделуваат и фотографии од скриена камера, па дури и видеа. Тешко е да се верува дека Facebook ќе го промени начинот на кои се креираат групите, што го поставува прашањето што друго би можеле да направат. Во догледна иднина едно од решенијата е препознавање и автоматско отстранување на сликите преку алгоритми, па понатамошно пријавување на членовите на овие групи на полицијата.

Сепак можеби далеку позагрижувачки треба да биде фактот дека најголем дел од овие содржини кои се споделуваат во групите се прибрани од весници, блогови и од самата социјална мрежа, а најголем дел од луѓето не ги сметаат за невкусни или нелегални.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии