Педесетина вработени од Microsoft рекоа „не“ за HoloLens во воени цели

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Microsoft

Над 50 вработени во Microsoft побараа од компанијата да го прекине договорот со војската на САД. Microsoft има договор од 479 милиони долари за развој на платформа за проширена реалност. Како дел од ова војската ќе купи околу 100 000 очила за виртуелна реалност.

Но на вработените не им се допаѓа ова па побараа од компанија HoloLens да не се користи за да им помага на луѓе да убиваат.

„Вознемирени сме што Microsoft работи на обезбедување на оружје за Армијата на САД, да и помогнеме да  ја зголемат фаталноста со алатките кои ние ги градиме.

Не прифативме да развиваме оружје, и бараме да имаме збор за тоа како нашата работа се користи“, велат вработените во компанијата“, велат вработени во писмо кое го испратија и до BuzzFeed.

Вработените сметаат дека HoloLens на боиштата ќе се користи за да се направи „видео игра“ и со ова војниците само ќе се оддалечат од изборот кој го прават.

Microsoft има над 130 000 вработени, па овие 50 се навистина мала бројка.

Што се однесува до иднината на HoloLens, веќе имавме можност да се запознаеме и да ѕирнеме како ќе изгледа следната генерација на уредот. Прочитајте повеќе за претставувањето на HoloLens 2 на MWC во Барселона тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии