Печалба од 500.000 долари месечно од стримување

Шансите дека го знаете Тајлер „Ninja“ Блевинс се големи, особено доколку сте по гледање стримови со играта Fortnite. Но, дали сте се запрашале колку заработува харизматичниот стример?

Според најновото интервју со CNBC, Тајлер заработува 500 000 долари месечно, заработка која првенствено доаѓа од Amazon и Twitch Prime претплатниците, како и од бројните следбеници на YouTube, Instagram, and Twitter.

„Целокупната заработка доаѓа од комбинацијата на сите овие работи. Договорот помеѓу Amazon Prime и Twitch Prime е неверојатен. Twitch Prime им дозволува на луѓето да земаат плен за одредени игри, а и направија договор со Fortnite, една од наатрактивните игри во моментот. Благодарение на ова, бројот на претплатниците на мојот стрим значително порасна.“

Наредниот пат кога ќе ви кажат дека нема пари од играње игри и нивно стримување, чувствувајте се слободно да им го проследите овој линк. Но, и да го земете следново нешто во предвид:

„Сите вие деца таму, не можете да оставите се и да се фокусирате на играње игри како работа. Ова е исклучително предизвикувачка кариера, и првин мора да имате сигурна иднина, а да вложувате слободно време на почетокот.“

Ова е неверојатна заработка, но колку често удира гром од ведро небо? Низ годините знаеме за бројни стримери кои не можат да го покачат бројот на претплатници над 100 и, како резултат, или го згаснуваат каналот или пак поретко стримуваат.

Twitch Prime нуди повеќе бесплатни игри на претплатниците! Прочитај повеќе!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии