PC-то не е мртво, само не ни требаат нови

Најголем дел од медиумите се подготвуваат да ги извадат своите лопати и да ја погребаат PC индустријата, прогласувајќи ја за мртва. Но, блогот Idiallo прави интересна анализа на моменталната состојба со десктоп комјутерите и уредите кои во моментот се на врвот, паметните телефони, за да покаже дека PC-јата не се непотребни, туку се доволно добри за да ги користиме со години, па затоа и ретко купуваме нови.

Брзиот развој пред дваесет години допринесуваше на секој 2-3 години да се појави нова генерација на процесори, меморија или графички карти, па корисниците далеку почесто мораа да го менуваат својот дектоп комјутер. Денес голем дел од компјутерите кои се произведени во 2006 година сè уште може да ги користите, без разлика дали за развање софтвер или за гледање на филмови. Ако пред десетина годнин беше поедноставно, а и поисплатливо да го промените целиот компјутер, сега може да се надгради меморијата, процесорот, графичката картичка, хард дискот или било кој дел од компјутерите. Едни од ретките кои можеби и можат да го надградуваат компјутерот почесто се гејмерите, но дури и тука за најголем дел од игрите е доволен просечен i3 процесор, па корисниците може да размислат за SSD, повече меморија или графичка картичка.

Ситуацијата со таблет комјутерите и со паметнте телефони денес е слична со онаа во која беа комјутерите пред 10-15 години. Дури и да е можно да се надградат најголем дел од телефоните и таблет комјутерите ќе бидат застарени до крајот на следната година.

„Призводителите и продавачите ќе имаат пробле да ги убедат корисниците да купат нов компјутер. Ова не значи дека десктоп компјутерите ќе исчезнат, едноставно ќе ги купуваат само оние кои имаат потреба.“ Причината поради која не купуваме PC повеќе не е во новите популарни уреди, туку бидејќи тие што ги имаме се неверојатни, констатира Idiallo.

1 коментар на “PC-то не е мртво, само не ни требаат нови

  1. Само тие кои не го следеле развојот на информатичката технологија ако не уште од 1980-те години, тогаш барем од почетокот на 21-от век, можат да тврдат дека персоналните компјутери немаат иднина.

    Персоналниот компјутер се нарекува персонален бидејќи сопственикот може слободно да ги менува и хардверските и софтверските компоненти по свој личен избор, додека лаптопот го ограничува менувањето на хардверските компоненти, а таблет компјутерот и паметниот телефон во целост оневозможуваат било какво менување на хардверските компоненти.

    Затоа персоналниот компјутер секогаш ќе има место во домовите на оние сопственици на компјутери кои сакаат компјутер кој ќе го сменат после 4 или 5 години, а не веќе наредната година како овци да се наредат пред продавниците чекајќи го исфрлувањето во продажба на најновиот таблет компјутер или на најновиот паметен телефон на одредени компании.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии