+1 копчињата ќе се појавaт веднаш до резултатите од пребарувањето и Google АdWords рекламите. Пример, како што објаснува Google, планирати пат во Калифорнија. Кога пребарувате ќе може да видите +1 од вашата тетка која сака слалоm скијање покрај резултатите. Или ако пребарувате рецепти за тестенини, ќе видите +1 од вашиот пријател кој е кулинарен гение.

„Убавината на +1 е релевантноста – ќе ги добиете правите препораки (бидејќи доаѓаат од луѓето кои ве интересираат) во право време (кога барате информација за темата) и во прав формат (во вашите резултати од пребарувањето).“, вели Google.

За целосно функционирање на +1, потребнo е да сте логирани додека пребарувате на вашиот Google профил, кој неодамна беше редизајнирани да бидат подруштвени и наликуваат малку на Facebook профилите.

Ова препорачување на резултатите, и Google AdWords, може да ги натера корисниците да ги користат се почесто Google профилите, да се поврзат преку нив и евентуално да се креираат „друштвените слоеви“, кои како што гледаме сега се користат за субтилно персонализирање на услугите на сервисите, наместо, споредено со Facebook, да се користат за дружење и споделување содржина.

За пријатели на вашиот Google профил се водат сите ваши контакти од Gmail, Google Talk, Google Contacts, Google Reader и Google Buzz, a наскоро може да се видат и луѓето поврзани преку не-Google сервиси како Twitter или Flickr, за кои беше откриено дека постојат опции во Google Profiles, само не се активирани.

Наскоро се очекува да го видиме +1 копчето и на веб страни. Google вели дека тоа ќе го видиме во наредниве месеци, но нема детали како тоа ќе функционира на веб сајтовите.

Google +1 ќе стартува првин на англиски на Google.com, но доколку го немате може да го вклучите од тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии