Пазарот се заситува, а продажбите на Android се намалуваат

iPhone доминира со бројките од заработката, но кога бројот на продадени телефони е во прашање iPhone не може да се приближи до Android. Овој тренд ќе продолжи до 2019 години, вели анализата на IDC, но веќе се забележува намалување на продажбата во однос на претходните години поради заситување на пазарот.

Битката за освојување на Кина никогаш претходоно не била поважна во 2015 година, бидејќи речиси третина од паметните телефони (32,5%) се продадоа на кинескиот пазар. До 2019 година се очекува намалување на учеството на Кина на светскиот пазар откако дел од големите пазари како Индија, ќе им се приближат.

„Кина останува исклучително важен пазар. Сепак овојпат фокусот е на извозот, бидејќи пазарот е заситен и домашната продажба започнува да се намалува. Индија добива дел од вниманието кое порано бешпе фокусирано на Кина, и сега е пазар со најголем потенцијал“, вели Рајан Реит програмски директор на IDC.

Растот на пазарите во развој е една од главните причини за разликата која ја прави Android пред iPhone. Телефоните на најголем број од производителите се продаваат со минимална разлика, а поради ова дел од популарните производители на квалитетни телефони како HTC имаат сериозен проблем. Но благодарение на равојот на Кина, Lenovo, Huawei и пред се Xiaomi имаат вртоглав раст и заработка.

Сепак со заситување на пазарот во Кина дел од производителите ќе мораат да побараат други пазари, Индија и Латинска Америка се дел од можните опции. Apple може да се надева дека дел од побогатите жители на Кина и Индија се подготвени да се префрлат на iPhone. Заситувањето на пазарот во Азија може да предизвика и префрлање на дел од производителите од Кина во Индија и Виетнам, што може да биде интересен развој на настаните.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии