Payten го купува Grouper.mk

Полската компанија Payten е нов сопственик на најпопуларната македонска платформа за  е-трговија Grouper. Payten е дел од полскиот гигант Asseco кој од пред неколку години е сопственик и на софтверската компанија Pexim. Компанијата креира софтверски решенија за платежна индустрија за финансиските и не-финансиските институции, кои поддржуваат картични и не-картични трансакции.

Payten се стекна со сопственост на 100% од  акциите на Grouper, како дел од стратегијата за проширување  на портфолиото на компанијата со решенија за е-трговија. Со Grouper во нашите редови, ја збогатуваме нашата понудата за сите трговци и ги унапредуваме Payten решенијата за е-трговија. Уверена сум дека заедно со младиот и динамичен тим на Grouper, кој поседува одлични познавања во областите на е-трговијата и маркетингот,  а сега со поддршка од неколку меѓународни  експерти од Payten,  ќе создадеме уште поиновативни решенија за е-трговија.“- вели Катарина Арнолд Рокита, раководител на тимот за развој на е-трговија во Payten.

Grouper.mk е најголемата македонска платформа за е-трговија. Компанијата е основана пред 10 години и има дел од заслугите за пробивање и развој на е-трговијата во Македонија. На платформата продаваат над 3500 трговци, и има над 270 000 корисници. Од почетоците корисниците на Grouper можеа да се пронајдат различни намалувања на цените кои корисниците можат да ги искористат за да платат помалку. Од оваа година, во периодот на пандемија, Grouper воведе нова услуга Grouper Shopping Mall која им овозможува на трговците да креираат свое онлајн присуство на платформа која има над 30 000 потенцијални купувачи дневно.

„После 10 групер години, задоволство ми е да ја споделам големата новина на која работевме изминатиот период.

Ми претставува чест да споделам дека Grouper стана член на Payten (дел од полската групација Аsseco SEE) фамилијата.

Низ годините Grouper растеше, се менуваше постојано и постигна многу. Но има уште многу простор за раст и натамошен напредок кој веруваме дека полесно ќе го оствари како дел од меѓународна групација.

Оваа аквизиција за нас значи многу повеќе – тоа е признание на нашата напорна работа, посветеност и на досегашните успеси, но воедно претставува одлична можност за целосна реализација на потенцијалот на Grouper“, вели Нина Ангеловска во пост на Facebook.

1 коментар на “Payten го купува Grouper.mk

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии