PayPal воведе плаќање со крипто валути

PayPal објави дека корисниците од САД ќе можат да користат крипто-валути за да платат во милиони онлајн продавници. Со новата функционалност „Checkout with Crypto“ ќе се овозможи плаќање со криптовалути во продавници кои досега немаа ваква функционалност.

Корисниците кои во PayPal новчаникот имаат биткоин, етер, биткоин кеш или лајткоин сега ќе може да ги искористат за плаќање. Овие валути најпрво се конвертираат во долари и потоа се плаќа како и досега. Ако трговецот не прифаќа долари, тогаш ќе има уште една дополнителна конверзија од долари во локалната валута со стандардниот курс. PayPal нема дополнително да наплаќа за „Checkout with Crypto“ трансакциите.

Новата функционалност ќе се прикажува автоматски ако купувачот има доволно средства во крипто-валути да ја заврши трансакцијата, а целиот процес е многу едноставен.

За секоја трансакција ќе може да се користи единствено една крипто-валута, односно нема да може да се комбинираат различни крипто-валути при плаќањето.

„Ова е првпат да може да користите криптовалути едноставно, на ист начин како дебитните или кредитни картичка од PayPal новчаникот“, вели Ден Шулман, претседател и директор на PayPal, за Reuters.

Новиот начин на плаќање во следните неколку месеци ќе биде достапен во над 29 милиони продавници.

PayPal во моментов има над 377 милиони активни корисници. Секако бројот на корисници кои користат крипто-валути е значително помал.

Додавањето на новата функционалност не е изненадување. PayPal досега имаше можност за купување и продавање на криптовалути со PayPal новчаникот. „Checkout with Crypto“ е само надополнување на оваа функционалност.

Со ова PayPal е најголемата финансиска институција која ја отвора својата мрежа за крипто-валутите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии