PayPal се повлече од криптовалутата на Facebook

Дејан Соколоски

во Вести

PayPal е првиот член на алијансата која и даде поддршка на крипто-валутата на Facebook, Libra кој ја повлекува својата поддршка. Претходно Германија и Франција се заканија дека ќе ја блокираат Libra во Evropa.

Пред неколку месеци целиот финансиски сектор понуди поддршка, во асоцијацијата Libra. Покрај PayPal дел од оваа група се Visa, Master Card, Uber, eBay, Booking Holdings, Lyft и Andersen-Horowitz.

 „PayPal донесе одлука засега да се откаже од натамошно учество во Libra, и да продолжиме да се фокусираме на унапредување на нашата постојна мисија и деловни приоритети. Истовремено ќе се стремиме кон демократизација на пристапот до финансиски услуги за недоволно услуженото население“, се вели во соопштението на PayPal.

Од Libra излегоа со соопштение

„Сфаќаме дека промената е тешка и дека секоја организација што започна со ова патување ќе мора да направи своја проценка за ризиците и придобивките од обврската да се види преку промената што ja ветува Libra“.

Минатата недела Visa и Mastercard јавија дека ја преразгледуваат својата одлука да учество во асоцијацијата.

Libra отвора неколку прашања, сепак се чини дека најголемите проблеми се со нарушување на приватноста, отворање на канали за перење на пари, заштита на корисниците и финансиска стабилност. Ова се дел од проблемите кои ги наведе Џером Пауел претседател на Федералните резерви,  за CNBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии