PayPal сака да воведе можност за плаќање со биткоини

PayPal започнува соработка со три од водечките биткоин сервиси за исплата BitPlay, CoinBase и GoCoin, со што ќе овозможи плаќање со крипто-валутата преку својата платформа. Услугата за почеток е достапна во Северна Америка, објави PayPal на својот блог. Сепак PayPal нема да ги процесира овие исплати, а биткоин нема засега да биде додаден во PayPal дигиталниот новчаник како валута. Исплатите ќе одат преку безбедни партнери. „Ќе започнеме постепено, ги подржуваме Bitcoin на некои начини денес, а дел од услугите откако ќе видиме како се развиваат“, велат од PayPal.

PayPal е возбуден со сите иновации кои се појавија за исплатите овој период. Поголем избор е начинот на кој луѓето креираат вредности, ги споделуваат, купуваат, продаваат и тргуваат – токму ова е PayPal. Веруваме дека Bitcoin нуди единствени можност која се зголемува со бројот на луѓе и компании кои почнуваат да ги користат. Возбудени сме од можноста да соработуваме со бизнисите и бизнис моделите кои ни овозможуваат да креираме ново искуство и доверлив сервис кои го очекуваат нашите корисници. „Се надеваме дека ќе направиме повеќе како што Bitcoin-екосистемот продолжува да се развива“.

[youtube]Um63OQz3bjo[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии