PayPal пристигна во Србија, само Македонија продолжува да чека…

Сервисот за онлајн плаќање PayPal ја излиста Србија меѓу земјите чии корисници можат да отворат своја е-сметка. Преку оваа сметка српските корисници можат да отворат бизнис или индивидуална сметка, и првата година ќе можат да купуваат добра онлајн, а потоа ќе можат и да продаваат, т.е. наплаќаат. Сè уште нема поддршка за српскиот јазик.

Македонија пак повторно е изоставена од листата, иако ИТ министерот Иво Ивановски најавува достапност на PayPal веќе неколку години по ред со oбјаснување дека „се е подготвено, само PayPal треба да одлучи“. Сите други соседи на Македонија веќе имаат пристап до сервисот со кој може да се потпомогне е-трговијата. Дали ова значи дека PayPal одлучил дека на Македонија не и треба ваков сервис, можеби бидејќи нема никаква е-трговија?

<надополнето> Според Министерството за информатичко општество, тие ги имаат исполнето условите на PayPal, но останува до PayPal да процени дали има потенцијал да се стартува сервисот во Македонија и кога. Тој потенцијал може да се мери според издадени кредитни картички, според купопродажната моќ на корисниците и според обртот на пари во е-трговијата. Oдлуката останува во рацете на PayPal.

„PayPal бараше Народна банка да ја промени регулативата македонски граѓанин да може да има сметка во странство. НБР донесе исклучок во таа одлука. Доколку станува збор за финансиско споредување, како PayPal, македонски корисник може да отвори сметка во странство на која може да има до 2.500 евра/месечно. Но, PayPal е тој што прави проценки на пазарот, и таа одлука останува целосно во рацете на фирмата која е во приватна сопственост.“, вели Благица Андреева од МИОА.

PayPal е еден од најпопуларните финансиски сервиси во светот кој дозволува лесно купување на добра. Наместо да внесувате број на картичка секој пат кога ќе сакате да купите нешто, вие ги складирате вашите картички со PayPal сметка и потоа купувате, или продавате, добра само со еден клик.

25 коментари на “PayPal пристигна во Србија, само Македонија продолжува да чека…

  1. кај нас paypal нема да се воведе, бидејки владата (УЈП) нема да ума увид во плаќањата со paypal за да може да пресметува данок. Затоа нема пејпал во Македонија.

    1. A nekoj da ne znae dali se plaka danok za priliv na devizna smetka od stranstvo? .. Na primer od Google Adsense…kolku sho znam seuste nemaat izglasano izmeni vo zakonot za danocenje na sredstva na devizna smetka.

      1. Ти препорачувам да применуваш тактика "Ќути си, дупи си", јас прашав во банките баш за ова и ми рекоа дека оставаат на твоја совест дали ќе го пријавиш приливот во УЈП или не.

      2. Inaku vo bankite da prasate vikaat devizna smetka ne se dano4i, a vo ujp vikaat sekoj priliv se dano4i:)
        Ne e losa taa taktika samo muabetot e da ne iznenadat po nekoja godina so 4estitka za dano4no zatajuvanje ili slicno sranje :S

        Ali sepak mislam pravno ako gledame na rabotive seuste ne treba da se dano4i devizna smetka …barem kaj nas

  2. А пазарот во Албанија знаете што ееее абе пазариште во споредба со македонија, све тоа албанци 32,5 милиони купуваат и тргуваат кечиња, овчја волна, кочани, нусиња по интермец . Албанија ја има барем од 2006-2007ма така да нека не се брукаат барем оти овај пат е подруго, лажат информирани луѓе а не земјоделци од Тополчани. Ај Иво уште еднаш врски нека пушти до пејпал па можи ќе му запали, ако не палат врските нака му мани еден брз "Левински" под биро на извршниот директор

  3. Не разбирам зошто се споменува големина на пазарот, кога од списокот на земји може да се видат буквално сите, од најмали ибедни африкански земји, до минијатурни острови во Тихиот Океан. Глупости.

    1. Znajs oti? Oti to mu e izgovor na nasite politicari deka paypal nejki da investira vo "nasata cudesna zemja" a ne deka tie se krivi oti nejkad da dozvolat stranski smetki.

      Da se nadevame deka pokraj Srbija bi vlegle i nie, ama veke 10tina godini se nadevame.. :/

      p,.s. mozi pazaro vo Kambodza e pogolem? Ama pazaro so covecki organi.. :/

      1. Golemina na pazarot nema nikakva vrska (ne se raboti za nikakva investicija vo pazar!). Mozhe samo lapsus da e.

        Poverodostojno e deka zaradi nekakva tvrdoglavost na regulativa na NBRM site ovie godini drememe bez paypal (kako voopsto takva regulativa da e oddrzliva, i kako da nema nekolku desetici iljadi gragjani na RM koi vekje rabotat nadvor od MK i sigurno imaat smetki vo zemjite vo koi rabotat).

  4. Nasata zemja za zal e ogranicena so pari (od citatot pogore za 2500/mesec) i od um!! Toj so raboti drzavno, e vo administracija, ili e od PARTIJA, i zema nad 30k denari, go zabole za pejpal, ebaj i site drugi zaebani raboti..
    Mladinata trpi oti nema kako da "ostani" vo MKD i da raboti za stranci, mesto da "bega" od MKD i posle po televizija da se gubat lugeto "begat mladite" … Emi so da prat?

  5. Se soglasuv so komentarot pogore. Ako sakame biznis na ebay kade i najolem del od parite se tamu toa ne mozeme da go napravime. A sto se odnesuva do makedonskiot sistem tesko strancite veryvaat na nego. Prvo se gleda kade se plakja .

      1. Другар ако сакаш да работиш во странство можеш секогаш да го користиш moneybookers.com. Истата функција како paypal само ја има и Македонија. Јас така работам. You will thank me later :D

  6. Rabotodavcite vo makedonija nema da moze da go preziveat paypal, mladata rabotna sila nema da raboti poveke kaj niv za nekoi si 200-300 evra, so toa shto bi se izmestila cela ekonomija.
    Inace super post decki se nadevam deka ke pritisnete poveke na ovaa tema.

  7. abe koj ivo koj crni kamenja, najpromaseniot minister vo istorijata na makedonija e ministerot za informaticko opsestvo.. prvo treba da mu objasnite sto e paypal pa posle da go razgleduva

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии