PayPal претстави Facebook апликација за праќање пари на пријателите

Еден од најпопуларните финансиски веб сервиси, PayPal, само што стана уште поатрактивен за користење. Сервисот претстави Send Money Facebook апликација со која корисниците ќе можат да си праќаат пари. Има опција заедно со парите да се испрати и е-картичка која може да се искористи и за посакување на роденден и други прослави.

„Инфраструктурите на PayPal и Facebook се споија. Ова е уште еден начин да се персонализира чинот на давање пари.“, вели Aнуј Најар од PayPal.

Според PayPal, ова е првото P2P плаќање преку Facebook и затоа не се плаќа надоместок на трансакцијата, иако интернационалниот надоместок се наплаќа. Профилите се поврзани преку PayPal Balance и со банкарската сметка. Сервисот вели дека праќањето пари преку Facebook апликацијата е исто толку безбедно како да се користи PayPal.

Апликацијата изгледа интересно и лесна за користење, и можеби ќе биде хит откако PayPal конечно ќе влезе во Македонија.

(via Mashable)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии