PayPal потврди, доаѓа во Македонија

Конечно! PayPal на својот блог објави дека доаѓа на уште 10 нови пазари, меѓу кои и Македонија, Камерун, Белорусија, Монако, Црна Гора, Нигеријa и Парагвај. Финансискиот сервис сега е достапен за безбедна трговија со едно копче на вкупно 200 пазари во светот.

Македонците ќе имаат пристап до сајтот за глобална трговија, но во првата година ќе можат да го користат само за купување од онлајн продавници кои го поддржуваат PayPal. За жал, локалното плаќање и префрлување на пари нема да биде дозволено.

Зошто дури сега? Според PayPal, потребно е време за да се подготват да влезат на нови пазари бидејќи „ние си го сфаќаме менаџирањето на туѓи пари многу сериозно“. Но, тие исто така веруваат на побарувачката „за побезбеден начин на купување на глобалната онлајн револуција“.

7 коментари на “PayPal потврди, доаѓа во Македонија

  1. Paypal решил да ја избрише Македонија од листата на неподдржани земји, и тоа кај нас се претставува како “Пејпал ВЛЕГУВА во Македонија”?!

    Вашиот наслов намерно лажно ги наведува читателите дека Paypal ќе започне со некакви активности (отварање канцеларија, фирма, развој, итн итд) во Македонија.

    И доста веќе со муабетот за “позитивни вести”.

    1. А што треба друго да направи PayPal освен да се отвори за македонските граѓани? Да отвори 500 работни места? Не знам што сакаш да кажиш…

      1. Сакам да кажам тоа што го кажав:

        Дека насловот на веста е "лажнонаведувачки".

      1. Е зошто лажиш бе..? Ајде објасни како се регистрира кога Македонија сеуште ја нема на листата и према официјални информации објавени на нивната страна зачленувањето ќе е возможно од наредниот четврток. Се некој сака да се прави паметен..

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии