PayPal (можеби) нема да дојде во Македонија на 24 септември?

Неодамна напишавме дека PayPal на својот сајт ја додаде Македонија во земјите за можни префрлувања на пари, што даде надеж дека, ете, конечно после неколку години чекање, ќе добиеме сервис за лесно плаќање и префрлување на пари. Но, според PayPal, односно според корисниците кои добиле имејл од PayPal, сервисот НЕ доаѓа во Македонија.

„Во благодариме што го контактиравте PayPal во врска со PayPal услугите во Македонија.

PayPal нема планови да стартува сервис во Македонија оваа година. Во неодамнешнoтo надополнување на нашата полиса која стапува во сила на 24-ти септември 2011, Македонија е погрешно додадена во листата на земји кои можат да примаат PayPal уплати. Таа грешка е поправена.“, е пораката од PayPal испратена до бројни корисници.

Во моментов, во соопштението за кое PayPal вели дека е „поправено“, сè уште ја има Македонија излистана меѓу земјите кои можат да го користат сервисот.

Ова можеби го објаснува и молкот од Министерството за информатичко општество. Да доаѓаше PayPal во Македонија сигурно ќе го најавеја, но наместо радосни потврди, кога ги контактиравме МИО добивме нејасно „ќе има соопштение за месец дена“.

Истава порака од PayPal е испратена и до српските и до руските корисници, пишува Tehnoblogija. Сите го добиваат истиот имејл од PayPal со тоа дека имало грешка во соопштението. Во Русија иако со PayPal може да се плаќа, сепак не може да се добиваат пари преку сервисот.

На крај останува на тоа, дека мора да видиме официјално соопштение да се потврди дали или не доаѓа PayPal во Maкедонија.

(tnx до читателите кои го споделија линкот и пораката oд PayPаl)

21 коментари на “PayPal (можеби) нема да дојде во Македонија на 24 септември?

    1. Штом сме ставени во полисата, ќе биде некогаш… според мене, главниот проблем што PayPal го има со нашата држава e со Законот за Девизно работење, кој во својата пречистена верзија [http://www.finance.gov.mk/files/u11/zakon_za_devizno_rabotenje_precisten_tekst.pdf] јасно прецизира дека купување на странски акции може да се изврши само преку "овластен учесник" т.е. брокерски куќи и банки кои имаат добиено одобрение за работа согласно Законот за хартии од вредност (член 2 и член 14).

      Лобирање во досегашните влади од страна на домашниот финансиски сектор [http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=88497EA67A698F4B9B17A8047A6B2643] не уназадува во оваа поле.

      Една од основните пароли на PayPal е "Send Money to Anyone in the Growing PayPal Network". Со овој наш закон, таа парола едноставно не е изводлива. Лобирање на финансискиот сектор во владата [http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=88497EA67A698F4B9B17A8047A6B2643] не стагнира во оваа поле, а не некои квази извештаи за постоење на домашни хакери и криминалци!

  1. Ова дека не доаѓал пејпал е информација од форумџии кои сите копи-пејстираат истиот емаил, и сите тврдат го добиле тој емаил кога пратиле прашање на пејпал, било србија, русија, македонија итн… истиот емаил, збор до збор.

    Мене не ми штима. Демек пејпал масивно копи-пејст систем имаат за прашањево ако го поставиш, а уште немаат способност на сајтот да ги тргнат македонија, русија итн…?

    Другар се јави по телефон да праша. Него типчето му одговори дека нема појма. Ниту знае дали ќе доаѓа, ниту дали нема да доаѓа. хахах

    Станува се поинтересна работава.

      1. Тоа ми беше поентата. Како имале време и ресурси пејпал да направат и додадат шаблон во својот емаил-систем во однос на прашањево… А немале време да ја сменат страната? :D

        Али у право си, нема што друго да правиме освен да чекаме. Ќе видиме на 24ти.

      2. Сигурно ова е подготовка за после да влезе Пејпал.Да беше грешка ќе исправеа.Неможат да си дозволат такви грешки,,,

  2. Ова се однесува за оние кој имаат PayPal од Македонија:

    tm.mk од неодамна отвори нов сервис, закупување на банери со наплата преку PayPal со бирање на временски период по ваша желба. Можност за поставување и на .swf формат банери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии