PayPal ќе поддржи мобилно плаќање преку NFC технологија

Near-field communications (NFC) технологија значи дека доволно е само да се доближат телефоните и да се пренесе информација, или во случајот со PayPal да се изврши трансакцијата и наплатувањето.

Phone-to-phone NFC технологијата на PayPal ќе овозможи двајца корисници да префрлат лесно пари меѓу своите уреди. Апликацијата работи така што еден корисник преку виџет на домашен екран ќе одреди колку пари ќе сака да префрли, го доближува телефонот до телефонот на вториот корисник кој го внесува својот пин и се префрлуваат пари. Толку!

Со NFC технологија, која моментално функционира само со Android телефони, односно само со Nexus S, се овозможува да се користи мобилниот уред како иден паричник. Се очекува сите идни Android телефони да поддржуваат NFC технологија.

2 коментари на “PayPal ќе поддржи мобилно плаќање преку NFC технологија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии