Надополнето: PayPal (можеби) ќе дојде во Косово и Македонија во 2014-та

<Надополнето: 11.06.2013>  Се чини дека информацијата дека PayPal ќе дојде во Косово и Македонија е неофицијална. Официјално финансискиот сервис ќе дојде во Македонија, , според изјавите на МИОА, но не се знае кога. Михаил Стевчев од македонскиот стартап TweetsPie кои се на Webit во Истанбул ги контактираше преставниците на PayPal, кои се исто на конференцијата, за да ја потврди информацијата на Digjitale. Турските преставници негираа дека тоа е официјална изјава од сервисот.

</надополнување>
Косовскиот ИТ блог Digjitale.com пишува дека PayPal ќе дојде во Косово и Mакедонија во некој период од 2014-та година. Оваа информација доаѓа од неименувани извори од PayPal кои се на Webit Congress 2013 што во моментов се оддржува во Истанбул.

Го контактиравме македонското Министерство за информатичко општество и администрација кои не можеа да ја потврдат информацијата на блогот, иако го повторија долгогодишниот став дека одлуката за доаѓање во земјата, која е подготвена за сервисот, е само на PayPal, и дека се очекува наскоро. PayPal од април е достапен и во Србија, како и во соседните Бугарија, Албанија и Хрватска.

Преставниците за продажба во турскиот пазар на PayPal за Челик Нимани, уредникот на Digjitale, велат дека причината зошто сервисот не е во овие земји се недоволните ресурси кои се трошеле на поголемите пазари во Турција, Русија и другите земји. Но, се чини дека преставниците не се сигурни дека одлуката да се доведе сервисот во Косово и Македонија е официјална одлука, туку „е ставена на масaта за 2014-та“. Можна причина за одоговлекување на PayPal е и малата е-трговија во Македонија, како што неодамна изјави ИТ министерот Иво Ивановски.

13 коментари на “Надополнето: PayPal (можеби) ќе дојде во Косово и Македонија во 2014-та

  1. Koja bre mala e trgovija, koi domashni zakoni, nema vrska!
    Toa shto ne doagja paypal vo Makedonija e samo nekakva politika i nishto drugo.
    Poglednete samo vo koi drzavi go ima peypal i ke vi stane jasno https://www.paypal.com/webapps/mpp/country-worldw….
    Kako moze drzavi kako burkina faso, mongolia, kiribati, tuvaliu… i red drugi, ne se ni drzavi nitu na karta mozes da gi najdes, neka ne jadat *anja!

    1. офф топик се разбира, али мора да те прашам:

      дај пример на земја со слична ситуација каде се прави бунт со недели..

  2. Postojat mnogu drzavi koi imaat poslaba ekonomija od Makedonija, a imaat Paypal. Za nekoi od tie drzavi prvpat slusame (primer: Wallis and Futuna Islands, Turks and Caicos Islands, St. Lucia…).

  3. Ne lupajte gluposti, paypal nema da dojde vo Makedonija vo dogledno vreme, se dodeka ne se prilagodat domasnite zakoni za elektronska trgovija so stranstvo na na uslovite na paypal. Neka odgovori ministerot koi uslovi gi ima paypal.

    1. Тоа и јас го мислев до пред некое време, се до моментот кога го споредив нашето законодавство за девизно работење и електронска трговија, со истото на Босна. Непостои суштинска разлика.

      Надоврзи го на тоа и царината на секоја пратка со вредност поголема од 45 евра, сума во која е вклучена и поштарината, за мене е јасно кој е кочничар!

      1. Не се сложувам, според твојата логика во корист на владата би било да дојде пејпал кај нас, би се зголемиле е трговијата а со тоа и повеке пари ке соберат од царината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии