PayPal и подобар МАРНет во 2012-та, вели ИТ министерот Ивановски

Иако Македонија е спремна уште од 2008-ма година (според изјавите на МИОА), сепак поради економската криза PayPal ќе дојде во првиот квартал на 2012-та, вели министерот за информатичка технологија Иво Ивановски во интервју за Кајгана.

„Последниот официјален допис што го добивме од ПејПал е дека во првиот квартал на 2012 Македонија ќе биде вклучена во нивниот систем. Ние сме во постојани разговори со нив, но одлуката е нивна. Од нашата страна влегувањето на ПејПал беше овозможено уште во 2008-ма, но поради економската криза, нивната одлука беше да не се инвестира во надградување на нивниот систем во наредните години.“

Интересно, ИТ министерот го избегна прашањето зошто македонската агенција за регистрирање на .мк домени веќе една година не успева да претстави нов правилник за регистрација и не успева да ја либерализира регистрацијата на домените.

Наспроти конкретен одговор, министерот Ивановски скромнo посочи дека „владата на РМ донела одлука“ и дека подобри услуги ќе има во 2012-та.

„Во однос на МАРнет, имајќи ги во предвид проблемите со кои што се соочуваа граѓаните на РМ, кога МАРнет беше дел од УКИМ, Владата на РМ донесе одлука да се оформи нова институција со цел да се задоволат овие барања и да се подобри овој сегмент од пазарот. Во текот на 2012 граѓаните ќе добијат подобра услуга од МАРнет по теркот на развиените домен регистратори.“

Нови ветувања и лажни прогнози или овој пат вистинска најава и резултат на вложен труд и многу работа… ни останува да видиме. За да го прочитате целото интервју, следете го следниов линк.

8 коментари на “PayPal и подобар МАРНет во 2012-та, вели ИТ министерот Ивановски

  1. Јас како што чув има проблем со македонски закони, имено наш жител неможел да има банкарска сметка во странство, затоа сметка на paypal е (демек) нелегална. Колку изворов ми е во право баш ме интересира….

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии