Надополнето: PayPal доаѓа во Македонија? Конечно!?

<Надополнето 07.09.11>: Бројни корисници од Македонија, Србија и Русија добија порака од PayPal дека имало грешка и дека сервисот нема да дојде во овие земји оваа година. Повеќе на следниов линк – PayPal (можеби) нема да дојде во Македонија на 24 септември?

</надополнето>

Крале од форумот на GSM.mk сподели линк кој води на страната на PayPal каде Македонија е во листа на земјите кои можат да примаат и праќаат пари преку PayPal.

Сé уште нема официјално соопштение за ова од МИО, ниту на почетната страна на PayPal може да се избере Македонија како регион, но од споделениот линк се гледа дека PayPal од 24 септември воведува некои измени во наплаќањето на надоместок за трговија меѓу земјите. Во тие листи се наоѓа и Македонија, која е ставена во групата „Europe II“.

PayPal го очекуваме веќе неколку години, а нестрпеливоста околу него е што со PayPal се отвараат границите за полесно да се префрлуваат пари, полесно да се вршат уплати и да се примаат пари преку Интернет. PayPal функционира на таков начин да користејќи само имејл и платежна картичка може да си направите мала уплата на PayPal сметка, и потоа каде и да сте на интернет, каде се прифаќа PayPal, ќе може едноставно да си купувате од веб сајтови или да префрлувате пари меѓу PayPal корисници и меѓу PayPal и банка.

PayPal не наплаќа за трансфер на пари, но зема мал процент ако некој ви уплати пари, иако зависи од различни услови при пренос и уплата. На споделената листа, која ја вклучува и Македонија, е одредено колку зема PayPal од трансакциите меѓу земјите.

33 коментари на “Надополнето: PayPal доаѓа во Македонија? Конечно!?

  1. Нема да не има во скоро време инфо од прва рака.
    има три начина да добиеме пајпал
    1 Првиот ЕУ
    2 Промена на некој закони
    3 Долги преговори и магии .(кој се во тек со непознат интизитет)
    Paypal е сериозна компанија и правилата ги оформува по законите и регулативите на државата од каде доаѓаат клиентите. (посебни правила за секоја држава)
    Тоа е .
    Нај интересното е што нашиот министер за ИТ е ангажиран максимално (потврада дека не е само министер кој говори на празно што ме радува) исто така и од пајпал , но очигледно тешко наоѓаат заеднички точки.

  2. Pingback: pokerstars
  3. Paypal и официјално влегува во Македонија, само што во првите неколку години ќе може да се врши исплата односно со paypal акаунтот ќе може да се врши online купување, но не ќе може да се примаат пари и префрлање на пари од paypal акаунтот на банкарска сметка!!!

    Macedonia was incorrectly included in a list of countries that can
    receive PayPal payments.

  4. Thank you for contacting PayPal regarding PayPal services.

    PayPal has no plans to launch services in Macedonia this year. In a
    recent update of our fees policy effective September the 24th 2011,
    Macedonia was incorrectly included in a list of countries that can
    receive PayPal payments. This error is being corrected.

    Any changes to PayPal services will be communicated to our customers
    directly by email.

    Our goal is to provide PayPal services anywhere there is significant
    demand, but these things take time. We appreciate your interest and
    apologise for any confusion caused.

    I hope that I have been able to assist you with resolving your issue and
    the information I have provided has been of use. However, please do not
    hesitate to contact us if you require any further assistance.

  5. Точна е пораката (за жал). И јас ја добив истата. Изгледа имаат некој шаблон и штом некој ги праша за Македонија го праќаат истото. Нема потреба од сомнежи.

  6. И на русите им го дале кристално истиот одговор, според блогов.

    Се надевам дека сето ова е само заебанција и дека PayPal ќе почне да ги нуди своите услуги во Македонија на 24 септември 2011.

  7. Превземено од форумот на Кајгана:

    Dear —— ———-,

    Thank you for contacting PayPal concerning PayPal services in Macedonia.

    PayPal has no plans to launch services in Macedonia this year. In a
    recent update of our fees policy effective September the 24th 2011,
    Macedonia was incorrectly included in a list of countries that can
    receive PayPal payments. This error is being corrected.

    Any changes to PayPal services will be communicated to our customers
    directly by email.

    Our goal is to provide PayPal services anywhere there is significant
    demand, but these things take time. We appreciate your interest and
    apologise for any confusion caused.

    Note: It is recommended to open a PayPal account, if our services are
    available in the country that you are now living in.

    We appreciate your patience and understanding regarding this matter, and
    wish you continued success on PayPal.

    Yours sincerely,
    Ange

    PayPal

    Copyright © 1999-2011 PayPal. All rights reserved.

    Грешка, или секое чудо за 3 дена ???

    Тука има априлилили, задоцнета првоаприлска шега, или истакнатото на сајтот на PayPal е задоцнета првоаприлска шега, или овој мејлов кој го примил еден од членовите на форумот на Кајгана е задоцнета првоаприлска шега.

    Како и да е, ќе дознаеме кое од овие две е задоцнета првоаприлска шега за едно 19 дена.

    1. Се познава дека македонец го пишувал ова, апла не е native-english.

      =======
      "In a recent update of our fees policy"
      =======

      "to our fees policy" треба да биде, не "of our fees policy"

      "Any changes to PayPal services will be communicated to our customers
      directly by email. "

      Bullshit. Paypal никад не праќа известувања да ти каже да знаеш дека у некоја друга земја би имало paypal. Ако имаш акаунт со нив, очигледно не си македонец, него очигледно (пример) французин. Зашто би му праќале на французин update да знае дека у македонија ќе има или нема paypal.

      "Our goal is to provide PayPal services anywhere there is significant
      demand"

      Реченицава е…
      =======
      "Note: It is recommended to open a PayPal account, if our services are
      available in the country that you are now living in. "
      =======

      Сите сервиси што сум ги видел од овој тип го користат терминот "country of residence" или "you're residing in". Не дека е невозможно да paypal пишат "country you're LIVING in", али апла смрди на македонско реметење.

      =======
      "wish you continued success on PayPal. "
      =======

      "with paypal", треба да биде, не "on paypal" – ова македонец го пишал emailov

      1. Само што направив google проверка. Фразата "changes of our fees policy" не била никад употребена во историјата на интернетот… Додека фразата "changes to our fees policy" се појавува 635 пати.

        Леле колку е провиден кајганашов шо ја пробал ујдурмава. Не му го бива глумењето corporate email…

        МАДА – Секад е можно да индиец го пишувал емаилов. Али мене ми смрди емаилот, и апла ми личи на балканско реметење и форумска финта. Гледам копи-пејст истиов емаил го има и по српски форуми.

    2. Се надевам дека сте во право, бидејќи сакам PayPal да почне да ги нуди своите услуги во Македонија што е можно поскоро.

      Но еве, и на србите им го пишале истото, но и ова не е објавено на веб сајт, туку на блог.
      http://tehnoblogija.com/pay-pal-ipak-u-srbiji-od-

      Се надевам дека сето ова е заебанција и дека PayPal навистина ќе почне да ги нуди своите услуги во Македонија на 24 септември 2011.

    3. Се надевам дека сте во право, бидејќи сакам PayPal да почне да ги нуди своите услуги во Македонија што е можно поскоро.

      Но еве, и на србите им го пишале истото, но и ова не е објавено на веб сајт, туку на блог.
      http://tehnoblogija.com/pay-pal-ipak-u-srbiji-od-

      Се надевам дека сето ова е заебанција и дека PayPal навистина ќе почне да ги нуди своите услуги во Македонија на 24 септември 2011.

    1. Ќе ја одберете Словенија и ке ја верифицирате вашата електронска VISA картичка со PayPal претходно земано од Тутунска банка.

  8. Вака ја има мекедонија на листата барем 4-5 месеци. Баш знам дека некој на Бадијала форумот (мислам дека беше pipelin) имаше поставено линк од ова и не ми се веруваше. Не можам да проверам кога беше поставен линкот бидејќи бадијала ја нема веќе 3 месеци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии