Pavlok е паметна алка која со електро шокови ќе ве одвикне од лошите навики

Pavlok е чуден уред кој со електро шокови ќе ги натера корисниците да се откажат од лошите навики или да стекнат нови навики, јави Engadget. Паметната алка овозможува на пример еднаш да го одложите алармот, но на второто одложување ќе предизвика електро шок. Лентата овозможува и социјализација, па на партнерот со кој заедно вежбаат ќе му испраќа нотификации за тоа кога некоја цел е исполнета. „Забавниот“ дел е токму можноста пријателот да го притисне „шок“ копчето доколку некоја од целите не е остварена.

„Pavlok комбинира точно следење, моќни техники за посветеност и потестник кој се наоѓа на вашиот зглоб, за да ги промени навиките кои корисниците не сакаат да ги имаат“.

Според резултатите на истражувањата негативната мотивација функционира, но помалку од позитивното поттикнување. Сепак според најавите на г.Сети, крадуфандинг проектот ќе започне до крајот на есента, а се очекува цената на Pavlok кој би бил достапен до крајот на годината да биде околу 250 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии