Patuvajzaedno.mk, алтернативен начин на патување

„Целта на Патувај заедно е во прва линија да овозможи во Р. Македонија еден потполно нов алтернативен начин на патување.“ велат од Eвропската алијанса на Македонија, креаторите на овој сервис, кои додаваат дека сервисот е по пример на слични услуги понудени во европските земји и САД.

Patuvajzaedno.mk овозможува да си објавите свој бесплатен оглас за тоа дали сакате да патувате некаде во одреден термин или секој ден, или пак сте превозник кој сака да нуди такви услуги. Сервисот има и интересен економски аспект – можете да заштедите бидејќи може да се организирате со други патници да го распроделите трошокот, доколку, се разбира имате план за исто патување. А од друга страна ќе овозможи возачите полесно да ги организираат патниците, наместо да стојат сите на едно место и да ги тргуваат патниците. Ова го зборувам од искуство бидејќи често патувам Куманово-Скопје.

Сервисот е лесен за користење. Се регистрирате и објавувате бесплатен „барам/нудам патување“ оглас. Доколку сакате можете да оставите повеќе податоци за себе, како и коментар, но доколку мислите дека е непотребно и не мора – се е во име на приватноста.

Единственото нешто што наидов на проблем или не можев да го најдам, е бришење на огласот. За да го тестирам сервисот објавив оглас дека барам патување Куманово-Скопје за 12 август,
што може да се види од сликата погоре. Но кога сакав да го избришам не успеав да најдам таква опција. Можеби до тогаш ќе најдам превоз или ќе го одложам патувањето, па зошто тој оглас да стои со моите податоци(доколку ги објавам), пример како број на телефон, па некој да врти постојано за моето веќе организирано патување…

Сепак Patuvajzaedno.mk е во бета, тест фаза, па се може да се среди во иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии