Патувајте во Македонија, нов портал за туристи

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Travel2Macedonia е нов портал наменет за туристи кои сакаат да ја посетат Македонија. На форумот на IT.com.mk членот Горан праша за мислењето на нашите членови за сајтот, што ни даде идеја да започнеме со рецензирање на новите .mk и .com.mk сајтови и сервиси со цел да ги претставиме на македонската ИТ публика.

Travel2Macedonia.com.mk е интересно дизајниран портал кој сеуште не е завршен, претпоставувам, бидејќи недостасуваат голем број информации кои се потребни за еден туристички портал. Сепак порталот има што да понуди. На многу едноставен начин наидов на информации и историјата на Куманово, од каде дознав дека Карпош, познат НОБ борец, е роден во с. Војник каде сум бил мал милион пати.

Море во Македонија нема, ниту големи ски центри, но затоа има историја. Но претставување на историјата како единствена понуда за туристите без други потребни информации не е ништо посебно. Тука Travel2Macedonia блеска, има информации како брз курс за македонски јазик, интерактивна Google мапа и закони за странци, патишта, музеи, сместувања… кои лесно се наоѓаат на овој портал.

Но Alexandar, член на форумот на IT.com.mk забележа еден мал проблем.
„Супер е сајтот, едина замерка за домејнот, со оглед на тоа што сајтов е предвиден за странци би требало да има и .com domain". Alexandar е во право, со искористување на глобален домен може подобро да се таргетираат заинтересираните туристи.

{mosimage}

Само „Getting around" и „Your Destination" менијата на Travel2Macedona.com.mk, споредени со двата најпопуларни туристички портали за Македонија, GoMacedonia.com и ExploringMacedonia.com, нудат јасни и бројни информации што го промовира овој сајт како добар сервис. Пример, најдов едно сместување во Охрид за кое пишува дека има безжичен интернет. Тоа ме доведува до најголемата забелешка на членовите на IT.com.mk:

„Сајтот е супер и јас мислам дека треба да има македонски превод затоа што кој вели дека сајтот е наменет само за странци?“ пиша Midnight Walker.

Креаторите на Travel2Macedonia рекоа на форумот дека не размислуваат за македонска верзија. Но, лично гледано најпроблематичното нешто кога одам во Охрид ми е да најдам сместување. Така што не гледам причина зошто овој портал не може да се преведе и да се направи сервис кој ќе може да им служи и на македонските туристи. Потребен е само превод, а придобивките се очигледни.

Крајна оценка: одлично дизајниран сајт, корисен сервис. Треба уште работа – можеби буквите се мали, но информациите се доволни.

*Доколку размислувате за нов сајт/сервис, а ве интересира мислењето на луѓето кои разбираат што е ИТ и Веб 2.0, приклучете се на форумот на IT.com.mk или пратете е-маил на contact@it.com.mk

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии