Патувајте насекаде со Google Earth VR

Ако редовно го посетувате Steam можеби веќе ја забележивте Google Earth VR. Апликација која овозможуваа патување во виртуелната реалност на сите локации на земјата.

Софтверот е налик на Street View за Cardboard. Разликата е што наместо седење во една точка и набљудување на 360°-фотографии, сега корисникот може да се движи по мапата. За жал, апликацијата не е готова, па дел од мапите не се целосно креирани, но оние кои се финиширани изгледаат одлично. За потполно искуство Google треба да собира податоци и можеби да додаде некакво движење. Сега корисникот лета над мртва мапа над која нема никакво движење.

ss_6b94a6b6bac7675e66e9a5772c67b4a2713dd239-1920x1080

Можеби најинтересниот дел од платформата е можноста за контролирање на времето на денот. „Играчот“ со контролерот може да го помести сонцето, со ова се менуваат сенките на Земјата и се менуваат денот и ноќта.

Можеби она што е поинтересно е можностите кои софтверот ги нуди во иднина. Кога корисниците сами ќе можат да додадат некоја панорама. Во моментов не постои алатка која на корисниците ќе им овозможи самите да креираат сопствена тура, но ова секако може да биде најдобрата функционалност во иднина.

Google Earth VR работи на HTC Vive платформата, но теоретски може да функционира и на Oculus. Телефоните засега немаат ниту приближно доволна процесирачка моќ да можат да ја стартуваат Google Earth.

ss_6042a4e24d73c5972a9ee0728ade8a2c2893faef-1920x1080

Интересна забелешка има BBC кoу сметаат дека купувањето на HTC добива поголема смисла. Компанијата неoдамна ги претстави своите телефони Pixel и Pixel XL, акциите на HTC речиси не вредат ништо, а сега и Vive е омилена VR платформа на Google.

1 коментар на “Патувајте насекаде со Google Earth VR

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии