Password Checkup е нов супер корисен сервис од Google

Дејан Соколоски

во Свет

Веројатно нема корисник кој не одбрал да ги зачува своите лозинки на Google Chrome. Google одлучи да им помогне на своите корисници да бидат побезбедни онлајн со нова функционалност. Password Checkup на секој корисник му овозможува да ги провери сите лозинки зачувани на неговиот профил. Сервисот е достапен со веб-верзија и на Android, а наскоро ќе биде дел од Chrome.

Со Password Checkup секој корисник може да провери дали некоја лозинка којa ја користи e на некоја листа објавени лозинки или е дел од лозинки украдени од трети сервиси. За проверка ќе бидат тестирани единствено лозинки зачувани на Google. Овие лозинки ќе бидат прегледани и споредени со база од 4 милијарди лозинки кои се веќе објавени. Дополнително сервисот ќе го извести корисникот и за сите едноставни лозинки и лозинки што се повторуваат. Ако некоја комбинација од корисничко име и лозинка се појави во листата од 4 милијарди, корисникот ќе добие известување дека треба да ја промени лозинката за тој профил.

Со додавање на проверката директно во прелистувачот, Google би можел да помогне за поголема безбедност на корисниците. Слична функционалност имаат и подобрите менаџери за лозинки, но Password Checkup ќе биде одлична за сите кои можеби и не се премногу внимателни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии