Партнерство помеѓу Естонија и Џек Ма за помош на стартапите во државите во развој

Добрите идеи не познаваат граници. Ова е мотивацијата за соработка помеѓу најнапредната дигитална држава во Европа, Естонија и основачот на Alibaba, Џек Ма.

Посредник за соработката е Организацијата на Oбединетите нации. Платформата наречена „E-trade for all“ ќе им овозможи на стартапите од целиот свет да пронајдат нови можности. Како советник на програмата е и основачот на Alibaba, Џек Ма, јави Venturebeat.

Идејата зад програмата е дека малите и средни локални компании, не треба да страдаат доколку властите имаат проблем да се прилагодат на модерниот свет. Најверојатно и новата платформа ќе биде по примерот на е-жителството и ќе им овозможи на сите да бидат дел од простор кој ќе биде поедноставен за работа.

Организацијата на Обединетите нации ќе им помогне на сите да се пријават за е-жителство во Естонија. Со тоа стартапите ќе можат да ги користат придобивките од естонската програма.

Џек Ма предвидува дека за 30 години, дури 90% од бизнисите ќе бидат онлајн. Е-жителството ќе им овозможи на сите, без разлика од каде доаѓаат, да можат да го искористат овој раст.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии