Парламентот на Велика Британија заседава и дискутира за иднината на вештачката интелигенција

Комисии од Парламентот на Британија заседаваа и дискутираа за иднината на вештачката интелигенција. За жал, македонските претставници на граѓаните не зборуваат за овие теми. Ниту за опасностите од деструктивни машини, ниту за опасностите од намалување на постоечките работни места.

Комисијата излезе со став дека вештачката интелигенција никогаш не смее да има можност автономно да решава дали да повреди, уништи или измами човек. Дополнително, лордовите препорачаа и во иднина работниците да започнат со обуки за паралелна работа со вештачка интелигенција.

Британските парламентарци се надеваат дека со ова ќе бидат ублажени последиците од развојот на вештачката интелигенција. Комисијата смета дека без сомневање ќе се појават нови работни места, а дел од работните места ќе бидат подобрени со вештачката интелигенција.

Сепак за да се прилагодат сегашните кадри за работа во иднина ќе бидат неопходни инвестиции за тренинг и развој на вештини. Комисијата смета дека вештачката интелигенција мора да биде развиена за општо добро и за корист на човештвото.

Секако Британија е во многу поодговорна положба кога развојот на вештачката интелигенција е во прашање. Ова секако не смее да значи дека македонскиот пратеници не треба да разговараат за можните последници од идната автоматизација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии