Paragon згаснува, се враќаат парите на гејмерите

Мартин Јованчевски

во гејминг

Epic Games, студиото зад популарната Fortnite, објасни дека од 26.април ќе прекинат со каква било поддшка на Paragon и играта ќе стане неигрива. Би лажеле кога би кажале дека ваквата одлука нè изненадува. Несреќната MOBA игра има се помалку играчи и пред само две недели, студиото призна дека работата на играта е отежната од две причини. Прво, тимот е растргнат помеѓу имлементирање исправки на моментната верзија и воведување новитети. Друго, многумина од девелоперите морале да бидат повлечени од Paragon за да се посветат на Fortnite, наслов кој, како што знаете, доживеа неверојатна слава откако се воведоа Battle Royale механиките.

Поради ова, Epic Games решија да го признаат поразот и потврдија дека ќе ги згаснат серверите при крајот на месецот април.

„По долго размислување и бројни дебати, сметаме дека нема јасен пат кој ќе ни дозволи да ја оформиме Paragon во игра која ќе задржи доволен број играчи. Потфрливме во изведбата и, иако дававме сè од себе, не успејавме да го исполниме ветувањето кое ви го дадовме за Paragon. Жал ни е.“, се чита од официјалниот допис од Epic Games.

Добри вести се тоа што на сите што направиле некаква финансиска посвета кон играта ќе им бидат вратени парите, до денар.

„За да ја исправиме неправдата, ќе им ги вратиме сите пари на гејмерите кои се посветија на Paragon. Враќањето на средствата ќе биде овозможено диретно од нас, а не од продавницата преку која сте го купиле производот.“

За детали околу враќањето пари, консултирајте се со упатствата оставени на официјалниот блог пост.

2 коментари на “Paragon згаснува, се враќаат парите на гејмерите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии