Папата Франсис: Интернетoт е „дар од Бога“

Папата Френсис го прогласи Интернет за подарок од Бог. Интернетот, вели католичкиот водач, овозможува комуникација помеѓу различни групи за да ќе можат да разговараат околу разликите. „Интернет е напредок за човештвото, не за технологијата.“ изјави Папата на денот за комуникација на католичката црква со светот.

„Културата на средба бара не само да сме подготвени да даваме, туку и да примаме. Медиумите можат многу да помогнат, особено во денешно време кога мрежите на човечка комуникација направија огромен напредок. Интернет, нуди огромни можности за средба и солидарност… Ова е нешто навистина добро. Подарок од Бог“, изјави папата Франсис.

Франсис не е првиот Папа кој е заинтересиран за друштвените мрежи и Интернет, неговиот претходник Бенедикт го испрати првиот „папски“ твит, а Јован Павле II во 2001 година ја испофали глобалната мрежа. Сепак поддршката доаѓа со порака дека комуникацијата е помеѓу луѓе, а ова не смее да биде заборавено.

„Желбата за дигитална поврзаност може да не изолира од нашите соседи, од тие кои се најблиску до нас. Несмееме да го превидиме фактот дека оние кој од било која причина немаат пристап до социјалните медиуми ризикуваат да бидат заборавени. Иако овие недостатоци се реални, сепак не го оправдуваат одбивањето на социјалните медиуми, туку не потсетуваат дека комуникацијата е човечко, а не технолошко достигнување.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии