Blizzcon 2011 не разочараа ни оваа година, како и секој пат до сега се презентираа низа интересни новости, меѓу најинтересните е и веста за петтата експанзија на World of Warcraft. Иако од порано се шпекулираше дека продолжението на масовната мултиплеер онлајн игра (ММО) ќе биде Mist of Pandaren, за прв пат сега и Blizzard официјални ги претстави „пандите“.

Новата експанзија ќе донесе многу промени, помеѓу кои: нов континент Pandaria, нова раса Pandarien, нова класа која можете да ја играте – монах (monk, слична класа како највената во Diablo 3), нова мини игра со натпревар меѓу миленичињата кои се собираат во играта, комплетен редизајн на талентите што Blizzard го нарекува 2.0 и сега карактерите ќе стигнат до 90-то ниво.

[youtube]nyeZ8khSEC0[/youtube]

Приказната зад новиот континент кој ќе можат да го истражуваат играчите на овој популарен ММО е дека Pandaria остана скриена 10.000 години, и заради ова сè уште војната не стигнала до тука. Изгледот на континентот, потсетува и очигледно е мотивиран од кинеската митологија. Новата раса Pandariens како што и покажува името се големи панда мечки. На расата ќе и бидат достапни сите класи освен паладин, death knight, друид и ворлок. Еден од поинтересните делови е што Пандарианите оргинално ќе бидат неутрални, а својата приврзаност кон Хордата или Алијансата ќе ја изберат на десетото ниво. Новата класа монаси ќе им биде достапна на сите раси освен на Гоблините и Ворген. Класата е хибридна и може да ја има било која улуга од трите, brewmaster специјализиран за борба од блиску заштитувајќи го остатокот на групата, mistweaver лекар и windwalker борба од блиску односно DPS. Монасите нема да бидат класа на херои како што се „видезите на смртта“ и ќе почнуваат од прво ниво.

[youtube]AN8p6yvPRQo[/youtube]

Новата мини игра која ќе можете да ја играте од 5.0 надградбата ќе зависи од „миленичињата“ кои ќе ги собирате низ играта. Според најавите борбите помеѓу милениците ќе бидат во Pokemon стил, а бројот на миленици кои сте ги собрале нема да влијае на вашата успешност во борбите.

Една од информациите која е навистина е возбудлива е дека Blizzard ќе ги променат талентите односно, фактот дека најголем број од играчите ги имаат истите таленти. Со новите таленти ќе се овозможи поголема флексибилност и подесување на играчите наместо унифицирани таленти за различни специјализации.

[youtube]GRQhsQBdRJA[/youtube]

Уште една новост за играчите ќе биде предизвик во инстанците, во зависност од постигнатото време играчите ќе освојуваат бронзени, сребрени или златни медали. Предизвиците во овие инстанци ќе ве наградуват со козметичка облека и поени. Во Mist od Pandaria ќе бидат додадени девет инстанци, од кои шест се на Pandaria, а три ќе бидат преработени инстанци од World of Warcraft Classic, поточно Scholomance и Scarlet Monastery. Експанзијата ќе отклучи и три нови реида меѓутоа овој пат нема да „главен“ антагонист според најавите главен непријател во оваа експанзија ќе биде војната.

Што се однесува до приемот на вестите кај играчите на оваа игра, фановите се прилично поделени уште од самата најава. Најголем дел од забелешките се на тоа дека Пандарианите до сега немале голема улога во приказните на Warcraft или фактот што барем за сега не е доволно убедливо инкорпориран. Останатите забелешки се од поискусните играчи, а се однесуваат на значителното поедноставување на играта.

(подолу е целата презентација на Mist of Pandaria од BlizzCon)
[youtube]iVSiFXI0FH0[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии