Пандите доаѓаат во World of Warcraft на 25 септември

Blizzard Entertainment објави дека на 25 септември Mist of Pandaria ќе ги претстави боречките панди во митскиот свет на популарната онлајн игра World of Warcraft кој ја играат над 10 милиони играчи. Веќе е достапен пристап до бета верзијата на играта која ќе претстави нови класи, редизајнирани таленти, нови светови со азиска тематика и куп други новини како летечки змејови и други виртуелни добра.

Стандардното издание на играта чини 35 евра, и може да се нарача уште од денес.

Mist of Pandaria ќе биде четвртото продолжение на веќе осумгодишната WoW. Иако играта е објавена уште во 2005-та година, сепак се уште е најпопуларната MMO игра чиј единствен реален конкурент може да биде само Guild Wars 2 која ќе биде објавена на 28 август.

[youtube]nyeZ8khSEC0[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии