Спонзориран текст

Паметните траки R1 Pro на Xiaomi повторно достапни на Smartus.mk

Спонзорирано од Smartus.mk

во Спонзорирани, Хардвер

Со модерниот начин на живеење, многубројните обврски и мулти-таскингот сѐ помалку слободно време наоѓаме за активности и спорт на отворено, а кои всушност се многу потребни за нормалното функционирање . Во каталогот на Smartus.mk ќе наидете на идеалниот сојузник за спорт во удобноста на домот, лентата за пешачење – WalkingPad R1 Pro, производ на Xiaomi. 

Дизајнот е преклоплив со димензии од само 99 x 70 x 18 cm. Во склопена форма може слободно да се смести под кревет, зад врата, покрај гардеробер… Всушност, лесно би можеле да најдете место за лентата на секој агол во домот.

Траката Xiaomi R1 Pro интегрира дисплеј кој ги покажува основните информации од типот на брзина, време и изминати километри. Без никаков проблем може да издржи тежина до 110 килограми. Со цел да обезбеди максимална сигурност при вежбањето поставен е и држач за раце кој секако може да се регулира во зависност од висината на личноста што ја користи лентата. 

Брзината може да се подеси рачно, со далечинско опремено со ремче кое секогаш е лесно да се држи во рака или пак доколку не го користите, може брзината да ја подесите на автоматски начин. Движејќи се на предниот дел од лентата, брзината автоматски се зголемува. Како што ќе се придвижите кон задниот дел, така и брзината ќе се намалува, додека пак движење во средниот дел ја одржува брзината константна. 

https://cavarii.files.wordpress.com/2019/12/walkingpad-r1-review-007.jpg?w=695

Лентата може да се поврзе со смартфон преку апликацијата KS Fit, која ја прикажува моменталната брзина, времето и изминатите километри, чекори и согорени калории, а исто така и ги зачувува овие податоци. Преку апликацијата може да се подеси и брзината, а смартфонот може удобно да се смести во вдлабнатината на самиот држач, наменета токму за телефон.  

Лесна за користење, удобна, интуитивна и се управува како со далечинско така и преку апликација. Идеален содружник за време на пауза од работа, користете ја наутро за да го започнете денот на најдобар начин или во вечерните часови кога е најдобро време за релаксација од секојдневните обврски.

Xiaomi KingSmith WalkingPad R1 PRO лентата за пешачење ќе ја најдете достапна во каталогот на онлајн продавницата Smartus.mk на следниот линк.

Искористете го промотивниот код IT1000 до 01.03 и добијте дополнителни 1.000 денари попуст!


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Smartus.mk. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии