И паметните телевизори се подложни на ransomware напади

Ransomware нападите не се опасност единствено за компјутерите или паметните телефони.  Неодамнешниoт твит на Дерен Каутон покажува дека и телевизорите не се имуни на овие напади. На фотографијата може да забележиме дека неговиот телевизор е инфициран со Cyber.Police ransomware, пишува Bleeping Computer.

За жал г. Каутон нема проблеми единствено со напаѓачите. Производителот LG не сака да му каже како да го врати телевизорот на првичното фабричко поставување. Наместо тоа за сервисирање LG бара 340 US долари. Вообичаено враќањето на фабричкото нагодување е едноставен процес ако ја знаете командата или копчето. Дополнително, цената на отклучувањето на LG e малку помала од 500 долари колку што бараат напаѓачите. Со оглед на тоа дека станува за постар модел на телевизор, можеби на г. Каутон најисплатлива варијанта, а и најевтина му е купување на нов телевизор.

Телевизорот е инфициран откако, за да гледаат некој филм, роднини на г. Каутон преземале неименувана апликација за гледање на филм. На сред филм телевизорот се замрзнал. Нема податок за изворот на апликацијата, односно дали е преземена од Play Store или од некој сомнителен пазар.

Дискусија, совети и патешествија на македонски интернет корисници на тема ransomware може да прочитате на темата Ransomware – како да се заштитите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии